Стеван Шијачки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стеван Шијачки
Роден 12 декември 1885
Стари Футог, Австроунгарија
Починал 2 јануари 1957(1957-01-02) (возр. 71)
Белград, СФРЈ СФР Југославија
Националност Србин
Занимање хорски диригент, композитор

Стеван Шијачки (12 декември 1885 во Футог2 јануари 1957 во Белград) — српски хорски диригент и композитор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Музичко образование оформува во Српската музичка школа во Белград. Меѓу двете светски војни, како наставник по музика и хорски раководител, работи во повеќе градови на тогашното кралство. Во Македонија, дејствува во Скопје и во Велес како хорски диригент и како музички соработник во Народниот театар во Скопје. Неговото најистакнато хорско дело е циклусот „Кратовски песни“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шијачки“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1652. Text "series " ignored (help)
  2. Драгослав Ортаков (1982 година)