Споменик на Бегалците (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на бегалците
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
МестоОпштина Струмица
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′00″N 22°38′37.6″E / 41.43333° СГШ; 22.643778° ИГД / 41.43333; 22.643778
СопственикОпштина Струмица

Споменикот на Бегалците — споменик кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Автор на споменикот е вајарката Наташа Божарова – Пијанманова која победила на конкурсот што го распишал Одборот за подигање споменици на Советот на Општина Струмица.

Спомен-обележјето, на кое на карпеста подлога е прикажана мајка-бегалка која заштитнички го прегрнува своето дете, претставува симбол на апокалиптичните судбини и страдања на Македонците од Егејска Македонија, за време на бегалските погрони по Втората балканска, двете светски и граѓанската војна во Грција во првата половина од минатиот век.

Споменикот е поставен во Спомен-паркот посветен на бегалците и децата на бегалците, а за неговата изработка се потрошени околу 500.000 денари од општинскиот буџет.[1] На споменикот е поставена плоча на која пишува „Незаборавот ги чува корените“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.zurnal.mk“. Архивирано од изворникот на 2016-04-02. Посетено на 2010-12-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]