Споменик Гоце Делчев (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Споменик Гоце Делчев

Поглед кон споменикот Гоце Делчев
Општи информации
Место Општина Струмица
Адреса ул. Благој Јанков Мучето б.б.
Град Струмица
Земја Македонија Македонија
Надм. вис. 256 метри
Изградбата започнала 1973
Завршена 1976
Реновирана 2010
Проектирање и изградба
Сопственик Општина Струмица

Споменикот Гоце Делчев се наоѓа во градот Струмица, Македонија. Изградбата на споменикот била по повод стогодишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Реализацијата на споменикот започнала во 1973 година, а завршила на 11 октомври 1976 година. Дело е на академскиот ликовен уметник Бранко Конески, а партерното решение е дело на архитектот Мирјана Волинец.

Доминантна е скулптурата од лиена бронза на Гоце Делчев во натприродна висина од 5,20 м. со симболична претстава на повик на борба за слобода, поставена на постамент. Колосалната статуа го претставува го претставува Гоце Делчев зачекорен со десната нога, двете раце му се широко раширени и е облечен со гуна во комитска униформа. Лево и десно од скулптурата на Гоце Делчев се прилепени две мермерни платна со релјеф на кои се поставени 16 фигури на револуционери со висина од над 2 метри, исто така поставени во движење со различити изрази на лицата[1].

Денеска споменикот се наоѓа на истоимениот плоштад[2]. За последен пат, споменикот бил реновиран во 2010 година.

Наводи[уреди]