Црква „Св. Јован Крстител“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раѓање на Свети Иван Крстител
Црква
„Раѓање на Свети Иван Крстител"
Карта
МестоСтрумица
ЗемјаМакедонија
ВероисповедКатоличка
Историја
Осветена2008
Архитектура
Завршена2015
Управа
ЕпархијаСтрумичко - скопска епархија

Црквата Свети Иван Крстителкатоличка црква која се наоѓа во Струмица, Македонија. Црквата се наоѓа на периферијата на градот, до патот Радовиш-Струмица-Валандово.

Христијанскиот храм започнал да се гради на 7 јуни 2008 година[1]. Темелите на црквата ги поставиле претставникот на Светиот Престол во Македонија, архиепископот Сантош Абрил Кастело и скопскиот бискуп Киро Стојанов .

Изградбата на црквата завршила во 2015 година, кога била осветена од страна на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов на 5 јули истата година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]