Момин бунар е бунар кој се наоѓа во источниот дел на градот Струмица.[1] Бунарот е со длабочина од 11 метри. Порано, кога се патувало за Солун преку Струмица, бунарот бил место за одмор. Изграден е од турчин во спомен на неговата болна ќерка. Таа му оставила аманет, после нејзината смрт, нејзината облека да биде продадена и од парите што ќе се соберат да се изгради бунар.[2] Бунарот бил уреден од месните жители и од еколошкото друштво „Планетум“ во 2004 година.[3]