Соња Тарчуловска
Соња Тарчуловска | |
---|---|
Родено име | Соња |
Роден(а) | 19 септември 1978 |
Занимања | пејач |
Соња Тарчуловска (Величкова) — македонска фолк пејачка од Пробиштип, Македонија. Таа е родена на 19 септември 1978 во Штип, Македонија. Нејзината музичка кариера започнала во 1994 година. Нејзиното прво ЦД е насловено “Весела Девојка”. Подоцна е објавена песната „Ден по ден“ и „Во бело“. Соња Тарчуловска имала концерти низ Европа, Соединетите Американски Држави и Австралија пеејќи за Македонците кои што живеат таму.
Таа е мажена за Јохан Тарчуловски и имаат три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Спотови[уреди | уреди извор]
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Во бело | 2001 | Томато Продукција |
Звер и жена | - | - |
Студена | - | - |
Врати се | - | - |
Играј сестро | 2006 | - |
Ватрена | 2007 | Дејан Миличевиќ |
Предавници и јунаци | 2011 | - |
Добредојде | 2013 | BOX PRODUCTION |