Сотоцвански јазици

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сотоцвански
Геог.
распростр.:
ЈАР, Лесото, Боцвана
Класификација: нигер-конгоански
Гранки:

Сотоцванските јазици се група на мошне сродни јужни банту-јазици што се говорат во јужна Африка. Тие се:

Ова групирање соодветствува на рубриката S.30 во Гатриевата класификација[1] на јазиците од семејството банту.

Цвана, јужниот сото и разните дијалекти што го сочинуваат северниот сото се заемноразбирливи.

Северниот сото е категорија која не е препознатлива како јужен сото, ниту пак како цвана,[2] и опфаќа најразлични дијалекти како педи (сепеди), цвапо (сецвапо), ловеду (килобеду), пај и пулана. Махо (2002) ги остава источносотските варијанти куцве, пај и пулана како некласификувани во склоп на сотоцванската група.

Лози се говори во Замбија и североисточна Намибија (во појасот Каприви). Значително се разликува од останатите сотоцвански јазици по големите влијанија од јазикот лујана, и можеби други замбиски и капривски јазици. Во Гатриевото дело, лози е погрешно класификуван како K.21.[3]

Наводи[уреди]

  1. Guthrie, Malcolm (1967-1971). Comparative Bantu: An Introduction to the Comparative Linguistics and Prehistory of the Bantu Languages. (том 1-4). Farnborough: Gregg International, cf. Список на Гатриеви називи - CBOLD
  2. See Doke, Clement M. (1954). The Southern Bantu Languages. Handbook of African Languages. Oxford: Oxford University Press
  3. Gowlett, Derek. (2003). Zone S. In D. Nurse & G. Philippson (eds.), The Bantu Languages, 609-638. London: Curzon/Routledge

Поврзано[уреди]