Севастополски раскази
Севастопол во декември за време на Кримската војна | |
Автор | Лав Толстој |
---|---|
Изворен наслов | Севастопольские рассказы |
Земја | Русија |
Јазик | руски |
Предмет(и) | Кримска војна, филозофија на војната |
Издадена | 1855 |
Страници | 133 |
Севастополски раскази (руски: Севастопольские рассказы) – три кратки раскази од рускиот писател Лав Толстој, издадени во 1855 година. Во овие раскази Толстој ги забележал своите искуство од опсадата на Севастопол (1854-1855). Името доаѓа од Севастопол, град на Крим. Овие кратки раскази ја чинат основата за многу епизоди од Толстоевото ремек-дело „Војна и мир“. Книгата на македонски првпат е издадена во 1947 година од Државното книгоиздателство на Македонија[1].
Раскази[уреди | уреди извор]
Севастопол во декември[уреди | уреди извор]
Во „Севастопол во декември, Толстој користи раскажување во второ лице (со заменката „вие“) во воведот за животот во Севастопол. Деталниот вовед веројатно е заснован на Толстоевото искуство од неговото пристигнување во Севастопол во ноември 1854 година. Раскажувачот го води читателов (вас) низ привремената болница. Во неа се сместени многу ранети војници со ампутирани делови од телото, некои сместени на полски кревети, но најчесто легнати на подот.[2] Таму читателот води разговори со ранетите, ги прашува за нивните страдања и маки во војната. Потоа ќе го посети местото каде офицерите и војниците јадат и слушаат фантастични приказни за четвртиот бастион, поради што е неопходно да се посети истиот. Толстој го води читателот во четвртиот бастион каде што седи и разговара со тогашниот командант на бастионот неколку метри од непријателските позиции. Убедени во моќта на градот, војниците чувствуваат љубов кон својата земја, ја осознаваат својата непоколеблива волја за борба и го принудуваат читателот да се врати во градот. Толстој го користи расказот „Севастопол во декември“ да го поттикне читателот да ги прочита расказите „Севастопол во мај“ и „Севастопол во август 1855 година“.
Севастопол во мај[уреди | уреди извор]
Во „Севастопол во мај“, Толстој ја истражува бесмисленоста и суетата на војната. Расказот истражува многу аспекти на психологијата на војната, хероизмот и привидното присуство на хуманизмот во склучениот мир (привидно затоа што државите постојано водат војни една против друга покрај многубројните договори за мир во минатото). Толстој заклучува дека единствен херој на неговата приказна е вистината.
Севастопол во август[уреди | уреди извор]
„Севастопол во август“ го слика крајот на опсадата на Севастопол и можниот пораз и отцепување на руските сили. Расказот ги следи Михаил и Владимир Козелцов, браќа кои се борат и загинуваат на руската страна на конфликтот.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Каталог на издадените книги, Државно книгоиздателство на Македонија Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „2015.gbsk.mk“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Tolstoy, Leo. The Cossacks and Other Stories. London, New York. Penguin, 2006. 188. Print.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- English translation at Project Gutenberg (1988 translation by Isabel F. Hapgood)
|
|