Севастокрар Стрез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Севастократор Стрез
македонски владетел
Роден 12 век
Починал 1214 г.

Севастократор Стрез е средновековен независен владетел на областа околу денешниот град Демир Капија и Струмица.

Во почетокот на 13 век во еден дел на Македонија, со центар во Просек, околу денешниот град Демир Капија, се осамостоил севастократорот Стрез. Во 1207 година Стрез се утврдил во градот Просек и започнал да владее како независен владетел. Потоа ги освоил и околните македонски територии. Во составот на независното владеење на Стрез влегувале териториите од Скопје до Охрид и Бер на југ, а на исток териториите до планините Огражден и Беласица. Стрез бил воинствен владетел. Постојано преземал походи за проширување на своите територии, особено на југ кон Солун. Поради тоа морал да води неколку војни против Солунското латинско кралство. Во почетокот имал успех и освоил некои латински територии, но подоцна бил принуден да се повлече. Решавачката битка со Латините се одиграла пролетта 1211 година во Пелагонија. Стрез доживеал катастрофален пораз во битката и повеќе не преземал напади на Солунското латинско кралство. Потоа започнал да се подготвува за напад на Србија. Меѓутоа, во текот на подготовките, во 1214 година бил убиен од заговорници.

Извори[уреди]

  • "Владетелите на Просек"- П.Мутафчиев, издателство на БАН, 1913 г.
  • "История на България.Том III - Втора българска държава" - Издателство на БАН, 1982 г.
  • "История на българската държава презъ средните векове. Томъ III. Второ българско царство. България при Асеневци (1187—1280)" - Васил Н. Златарски, Издателство "Наука и изкуство", София, 1972 г.
  • "Кой кой е в средновековна България". Андреев, Й. Лазаров, Ив. Павлов, Пл. София, 1995, стр. 353-356.