Санде Цветаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Санде Цветаноски - Беличот
Роден 1915 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 15 февруари, 1944 година
Националност Македонец

Санде Штерјов Цветаноски - Беличот ( 1915 во Кичево15 февруари 1944 во Богомила) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бидејќи немал можност да се школува, бил принуден да работи како шивач. Со формирањето на Првата партиска организација во Кичево во есента 1941 година, Санде станал нејзин член. Неговата активност продолжила ѝ во пролетта 1942 година кога бил уапсен од италијанско-албанските власти. По долги сослушувања и малтретирања, бил однесен во Тиранскиот затвор каде бил осуден на три години затвор. По капитулацијата на фашистичка Италија, заедно со своите другари, се вратил во Кичево и продолжил со својата партиска активност. Сè до формирањето на Првата македонско-косовска бригада бил во Групата баталјони, а од 11 ноември 1943 година во бригадата. Со бригадата учествувал во познатиот Февруарски поход во Егејска Македонија. По борбата кај Богомила, се нашол во отцепената група со Тихомир Шарески која се упатила за Копачка и Дебарца. Истоштен и измачен од тешките борби, останал смрзнат на 15 февруари, 1944 година кај Богомилските Колиби.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 147.