Република Црна Гора (1992—2006)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Црна Гора
Република Црна Гора
Republika Crna Gora
[[Социјалистичка Република Црна Гора|]]
1992–2006 [[Црна Гора|]]
Знаме Грб
Главен град Podgorica
Јазици Српски
Уредување Република
Претседател
 -  1991–1998 Момир Булатовиќ
 -  2003–2006 Филип Вујановиќ
Премиер
 -  1991–1998 Мило Џукановиќ
 -  2003–2006 Мило Џукановиќ
Историја
 -  СР Југославија 28 Април 1992
 -  Сојуз со Србија 4 февруари 2003
 -  Распаѓање на унијата 5 Јуни 2006

Република Црна Гора била федерална република во СР Југосавија од 1992 до 2003, а потоа Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година. Главен град на Црна Гора бил Подгорица кој од 1990 му било вратено старото име поради тоа што од 1945 до 1990 се викал Титоград.

При крајот на комунистичкото владеење и распадот на СФРЈ, официално распуштена на 27. април 1992, Република Србија и Социјалистичка Република Црна Гора, под ново име Република Црна Гора, на 28. април 1992. создале нова федерација под името Сојузна Република Југославија која на 4. фебруари 2003. со согласност на двата дома на југословенскиот парламент го промена името во Државна заедница Србија и Црна Гора.

Република Црна Гора, за разлика од Србија, каде што платежната валута бил југословенскиот динар, ја усвоила германската марка, а потоа и евро(од 2002).

По Референдумот за независност на Црна Гора 2006, кој беше одржен на 21. мај 2006, на кој гласаа 86,5% од избирачите,од кои 55,5% ја подржале идејата на „Демократски Блок-Мило Ѓукановиќ“, со процент над од договорените 55% со Европската унија за референдумот да биде валиден, апсолутниот минимум на гласови бил за 2300 гласови. Собранието на Црна Гора превзеде законски процедури за да прогласи независност, процес кој бил завршен на 3. јуни 2006. година со прогласување на независноста. После 88 години се завршило искуството и Унијата на Србите и Црногорците.