Работа (физика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Под работа во физиката се подразбира пренос на енергија од еден систем во друг. Овој пренос во класичната механика се врши со помош на дејството на сила долж некој пат. Во полето на конзервативните сили работата не зависи од обликот на патот, туку само од почетните и крајните точки.

Работата е скаларна величина. Според стандардот ISO 31-3 работата се означува со W (од англ. work), а се допушта и ознаката A.

Физичката величина (работа) што се добива од производот на силата и должината во физиката ја вовел научникот Гаспар Гистав Кориолис во 1830-тите.[1]

Формули[уреди]

Во најпрост случај, насоката на дејство на силата приложена на дадено тело се совпаѓа со насоката на неговото движење. Тогаш:

A=Fs \,

каде F и s се скалари. Единица мерка за работа во Меѓународниот систем на мерни единици е џул (J) и е еднаков на работата извршена од сила од њутн (N) при пренос на тело на растојание од еден метар (m):

1 J = 1 N . 1 m или J = N.m

Кога силите се во насока на движење на телото, работата е позитивна (W > 0):

A = F.s

Сили чија насока е спротивна на движењето на телото извршуваат негативна работа (W < 0):

A = - F.s

Силите насочени нормално на насоката на движење (на пример, силата тежа кога дадено тело се движи хоризонтално) не извршуваат работа (W = 0).

A = 0

Наводи[уреди]

  1. Jammer, Max (1957). „Concepts of Force“. Dover Publications, Inc.. ISBN 0-486-40689-X. 

Надворешни врски[уреди]