Киловат-час

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дигитален домашен струјомер.

Киловат-час или киловатчас, (симб. kW·h, kWh и кВтч)[1] е единица за енергија еднаква на 1000 ват-часови или 3,6 мегаџули.

Дефиниција[уреди]

Киловат-часот е единица за енергија еднаква на еден киловат (1 kW) моќ (електрична работа) потрошен за време од еден час (h).

Обратно земено, еден ват е еднаков на 1 J/s. Еден киловат-час изнесува 3,6 мегаџули, што е количеството енергија добиено од работа што се врши со просечна стапка од илјада вати на час.

Примери[уреди]

Греалка од 1000 вати (1 киловат) што работи еден час троши еден киловат-час (3,6 мегаџули) енергија.

Една 60-ватна светилка што работи еден час потрошила 0,06 киловат-часови струја. За илјада часа ќе потроши 60 киловати.

Претворање[уреди]

џул ват-час електронволт калорија
1 J = 1 kg·m2 s−2 = 1 2,77778 × 10−4 6,241 × 1018 0,239
1 W·h = 3600 1 2,247 × 1022 859,8
1 eV = 1,602 × 10−19 4,45 × 10−23 1 3,827 × 10−20
1 cal = 4,1868 1,163 × 10−3 2,613 × 1019 1

Именители [уреди]

Киловат-часот се користи во елекстродистрибуцијата за фактурирање на потрошувачот, бидејќи еден домовите месечно трошат од неколку стотини до неколку илјади киловат-часови. мегават-часови, гигават-часови и терават часови се користат при мерење на големи количества електрична енергија за индустриски капацитети и изразување на производството кај електраните. Во терават-часови (во поголеми земји и петават-часови) се изразува годишното производство на струја на цели земји. На пример, во 2010 г. Република Македонија произведени се вкупно 6 462,3 гигават-часови (6,46 терават-часа) електрична енергија.[2]

Содржатели на ват-часот (W·h) во системот SI
Поситни Покрупни
Вредност Симбол Име Вредност Симбол Име
10-3 mW·h миливат-часот 103 kW·h киловат-часот
10-6 µW·h микроват-часот 106 MW·h мегават-часот
109 GW·h гигават-часот
1012 TW·h терават-часот
1015 PW·h петават-часот


Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „киловат-час“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. Годишен извештај за производство на ел.енергија за 2010 година - ЕЛЕМ (македонски)

Надворешни врски[уреди]