Проблемите на филозофијата
„Проблемите на филозофијата“ (англ. The Problems of Philosophy, изд. 1912) од англискиот философ Бертранд Расел претставува негов обид за создавање на кус и пристапен водич кон проблемите во философијата. Задржувајќи се на проблемите кои смета дека ќе поттикнат позитивна и контруктивна дискусија, Расел дава особен нагласок на сознанието за сметка на метафизиката.
Расел го води читателот низ неговата идеја за одвојување на „познание со запознавање и познание со опис“ (1910). Потоа тој ги изнесува најважните теории на Платон, Аристотел, Рене Декарт, Дејвид Хјум, Џон Лок, Имануел Кант, Г.В.Ф. Хегел и други, и со тоа на општото и на стручното читателство му поставува основа за философска истрага.
| “ | На странициве што следат се ограничив главно на оние проблеми за кои сметам дека е можно да се каже нешто позитивно и конструктивно, оти голото негативно критикување ми се чинеше неумесно. Затоа, теоријата на познанието зафаќа повеќе простор од метафизиката во оваа книга, додека некои прашања за кои филозофите дискутираат надолго и нашироко, ги третирам сосема кратко или воопшто [ги изоставам]. | ” |
|
—Бертранд Расел, Предговор на „Проблемите на философијата“[1] |
||
Книгата се состои од 15 глави:
- I. Појава и стварност
- II. Постоењето на материјата
- III. Природата на материјата
- IV. Идеализам
- V. Познание со запознавање и познание со опис
- VI. За индукцијата
- VII. од нашето познавање на општите начела
- VIII. Како е можно априорното познание
- IX. Светот на универзалиите
- X. За нашето познание на универзалиите
- XI. За интуитивното познание
- XII. Вистина и невистина
- XIII. Познание, грешка и веројатното мислење
- XIV. Границите на филозофското знаење
- XV. Вредноста на филозофијата
Македонски изданија [уреди]
- Проблемите на филозофијата / Бертрантд Расел ; превод од англиски Александар Ускоков. - Скопје: Аз-Буки, 2008. - 135 стр. ISBN 978-9989-151-64-4
Наводи [уреди]
- ↑ Расел, Бертранд (2008). Александар Ускоков (преведувач). уред. „Проблемите на филозофијата“. Скопје: Аз-Буки. стр. 137. ISBN 978-9989-15-64-4.
Надворешни врски [уреди]
- „Проблемите на философијата“, бесплатно на Проектот Гутенберг. (англиски)
- Слободна аудиокнига „Проблемите на философијата“ од LibriVox (англиски)