Похутукава
| Похутукава | |
|---|---|
| Две похутукави | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Миртоцветни |
| Фамилија: | Мирти |
| Род: | Железносрцеви |
| Вид: | Похутукава |
| Биномен назив | |
| Metrosideros excelsa Gsertn. |
|
| Синоними | |
|
Metrosideros tomentosa |
|
Похутукавата (маорски: Pōhutukawa) наречено и Новозеландско Божиќно дрво или Огнено дрво (лат. Metrosideros excelsa, синоним: Metrosideros tomentosa) е зимзелено дрво од фамилијата Мирти кое цвета во соцветија од црвени прашници (понекогаш жолти). Вирее во крајбрежните делови на Северниот Остров на Нов Зеланд.
Дрвото расте до височина од 15 метри, со прилично голема крошна. Цвета доцна во демекври (лето на Јужната Полутопка), со блескавоцрвени цветови кои ја покриваат крошната. Поголемите примероци обично имаат надворешни корења кои ја издржуваат проширената крошна.
Гигантската похутукава во Те Арароа на Источниот Брег е најголемата во земјата, но одлични примероци се наоѓаат во секој град на Северниот Остров.
Подвидот „Ауреа“, кој има жолти цветови, потекнува од парот откриен во 1940 год на островот Мотити во регионот Залив Пленти.
Ова дрво е загрозено заради присуството на воведениот обичен посум кој немилосрдно го брсти.
Похутукавата е донесена и во централна Калифорнија, каде може да се види насекаде по улиците и дворовите.
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
- Слики од дрвото (англиски)
- Статија од Новозеландскиот институт за заштита на природата (англиски)
- Проект „Кримзон“ (англиски)
[уреди] Галерија
-
Гранка од похутукава виси над вода во Мангонуи, Нов Зеланд.