Полско лутиче
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Полско лутиче | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Лутикоцветни |
| Фамилија: | Лутичиња |
| Род: | Лутиче |
| Вид: | Полско лутиче |
| Биномен назив | |
| Ranunculus acris Л. |
|
Полското лутиче (лат. Ranunculus acris) е еден од почестите видови на лутиче ширум Европа и умерените предели на Евроазија. Ова е влакнесто растение со извишени витки стебленца на кои стојат сјајни жолти цветови со пречник од околу 25 mm. На цветот има пет венечни ливчиња на 5 зелени чашкини ливчиња кои пожолтуваат штом ќе се развие растението.
На него има многубројни прашници вметнати под плодницата и цвета од мај до јули. Кај другите членови на овој род, многубројните семиња се присутни во облик на семенки.
Народниот назив „лутиче“ води потекло од фактот што тие знаат да предизвикаат „луто“ чувство на кожата. При ракување со лутичињата треба да се биде претпазлив, бидејќи тие во себе ја содржат состојка ранункулин, која тогаш се разложува и создава протоанемонин, кој може да предизвика воспалувања на кожата. Токсичните материи се разложуваат со сушење, и затоа секакво ракување на суви лутичиња е безбедно.
[уреди] Галерија
[уреди] Наводи
- Blanchan, Neltje (2005). „Wild Flowers Worth Knowing.“. Проект Гутенберг.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Полско лутиче“ |