Планкова честичка
Планковата честичка, именувана по физичарот Макс Планк, е хипотетичка честичка определена како мала црна дупка чија Комптонова бранова должина е еднаква на нејзиниот Шварцшилдов полупречник.[1] Нејзината маса е на тој начин приближна на планковата маса, а нејзината Комптонова бранова должина и нејзиниот Шварцшилдов полупречник се околу планковата должина.[2] Планковите честички понекогаш се користат како вежба за да се определи Планковата маса и Планковата должина.[3] Тие играат улога во некои модели на развитокот на универзумот за време на Планковата ера.[4]
Во споредба со протонот, на пример, Планковата честичка би била екстремно мала (нејзиниот полупречник е еднаков на Планковата должина, која е околу 10−20 пати поголема од полупречникот на протонот) и помасивна ( планковата маса е 1019 пати поголема од масата на протонот).[5] Планковата честичка, исто така, би имала многу минливо постоење, испарувајќи поради Хокинговото зрачење по околу 5⋅10-39 секунди.
Извор
[уреди | уреди извор]- Додека мислењата се разликуваат во однос на нејзината соодветна определба, најчестата определба на Планковата честичка е честичка чија Комптонова бранова должина е еднаква на нејзиниот Шварцшилдов полупречник. Ова ја поставува врската:
Така правејќи ја масата на таквата честичка:
Оваа маса ќе биде пати поголема од Планковата маса, правејќи ја Планковата честичка 1,772 пати посилна од единицата за Планковата маса.
Нејзиниот полупречник ќе биде Комптоновата бранова должина:
Планковата должина ℓP е определена како
Димензии
[уреди | уреди извор]Со користење на горенаведените изведувања можеме да ги замениме универзалните константи h, G и c и да ги определиме физичките вредности за масата и полупречникот на честичката.
Параметар | Димензија | Вредност во SI единици |
---|---|---|
Маса | М | 3,85763⋅10-8 кг |
Полупречник | L | 5,72947⋅10-35 м |
Волумен | L3 | 7,87827⋅10-103 м3 |
Густина | M L−3 | 4,89655⋅1094 кг м−3 |
Живот | T | 4,826512⋅10-39 с |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Michel M. Deza; Elena Deza. Encyclopedia of Distances. Springer; 1 June 2009. ISBN 978-3-642-00233-5. p. 433.
- ↑ „"Light element synthesis in Planck fireballs" - SpringerLink“. Архивирано од изворникот на 2020-02-16. Посетено на 2018-12-10.
- ↑ B. Roy Frieden; Robert A. Gatenby. Exploratory data analysis using Fisher information. Springer; 2007. ISBN 978-1-84628-506-6. p. 163.
- ↑ Harrison, Edward Robert (2000), Cosmology: the science of the universe, Cambridge University Press, ISBN 978-0-521-66148-5 p. 424[мртва врска]
- ↑ Harrison 2000, стр. 478.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- "The quasi-steady state cosmology: analytical solutions of field equations and their relationship to observations" - Astrophysics Data Systems
- "Mach's principle: from Newton's bucket to quantum gravity" - Google Books
- "Mysteries of Mass: Some Contrarian Views From an Experimenter"
- "The Gauge Hierarchy Problem and Planck Oscillators" - CERN Document Server
- "The First Turbulence and First Fossil Turbulence"
- "Lecture on Nuclear Physics for Plasma Engineers"
- The Planck Length
|
|