Дроплeтон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дроплетон или квантна капка ― квазичестичка која содржи збир на електрони и дупки во полупроводник. Капките ја даваат првата позната особина на квазичестичките каде што квазичестичката се однесува како течност.[1] Создавањето капки било објавено на 26 февруари 2014 година во написот на Nature, кој претставил докази за создавање на капки во плазма електронска дупка во квантната бунар на галиум арсенид со ултракратки ласерски импулси.[2] Нивното постоење не било предвидено пред опитот.

И покрај релативно краткиот животен век од околу 25 пикосекунди, капките се доволно стабилни за да бидат проучувани[1] и поседуваат поволни својства за одредени истражувања на квантната механика. Тие се широки приближно 200 нанометри, со големина на најмалите бактерии, поради што откривачите изразиле надеж дека еден ден навистина би можеле да видат квантни капки.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Clara Moskowitz (26 февруари 2014). „Meet the Dropleton—a "Quantum Droplet" That Acts Like a Liquid“. Scientific American. Посетено на 29 јуни 2023.
  2. A. E. Almand-Hunter; H. Li; S. T. Cundiff; M. Mootz; M. Kira; S. W. Koch (26 февруари 2014). „Quantum droplets of electrons and holes“. Nature. 506 (7489): 471–475. Bibcode:2014Natur.506..471A. doi:10.1038/nature12994. PMID 24572422.