Квазар

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Уметнички приказ на квазар.

Квазарите се неверојатно моќни, масивни црни дупки кои според мислењето на астрономите би можеле да се најдат скриени во центрите на галаксиите. Можно е една од нив да се наоѓа во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат. Астрономите откриле прстен од жежок гас кој брзо се врти и свиткува околу центарот. Тој прстен од гас е, веројатно, под силно влијание на гравитационата сила, а астрономите мислат дека е сосем можно тоа да е дело на некоја црна дупка.

Активноста во центарот на нашата галаксија не е занемарливa во споредба со активноста на еден квазар. Овие објекти личат на ѕвезди, но се неверојатно далеку од нас: најоддалечените квазари се оддалечени 13 милијарди светлосни години. Со оглед на тоа дека се забележани на толку голема оддалеченост, сигурно емитуваат огромни количества енергија. Квазарите се јадра на многу активни галаксии кои содржат исклучителни масивни црни дупки. Имаат тежина 100 пати поголема од Сонцето. Сјајната светлина потекнува од дискот, жежок гас и прашина кои спирално паѓаат во црната дупка.


[уреди] Референци

[уреди] Надворешни врски