Пердувеста кукумјавка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пердувеста кукумјавка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Утковидни
Фамилија: Утки
Род: Aegolius
Вид: Пердувеста кукумјавка
Биномен назив
Aegolius funereus
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

7, види во текстот

Пердувестата кукумјавка (науч. Aegolius funereus) е мала утка. Таа спаѓа во „типичните утки“ на фамилијата Strigidae, која ги содржи повеќето видови утки. Се среќава и во Македонија.

Опис[уреди]

Младенче во Инсбрушката зоолошка градина

Пердувестата кукумјавка е долга 22-27 см со распон на крилјата 50-62 см. Таа кафеава одозгора, со бели дамки на рамењата. Одоздола е бела прошарана со надолжни линии со боја на ’рѓа. Главата е голема со жолти очи и бели фацијални дискови и со изглед на „изненаденост“. Клунот е светло жолт. [2] Летот е силен и директен. Младенчињата се чоколаднокафеави.

Однесување[уреди]

Пердувестата кукумјавка е несоцијална ноќна утка.[3]

Огласувањето на оваа утка е како звукот на мавтање со крилјата.[4]

Овој вид вообичаено не е птица преселница, но наесен значаен број се селат појужно. Таа не се оддалечува многу од местото на размножување, иако е тешко да се открие надвор од сезоната на парење, кога воопшто не се огласува.

Размножување[уреди]

Оваа птица се размножува во густите четинарски шуми низ северниот дел на Северна Америка и Евроазија, во планините како Алпите и Карпести Планини во Канада. Несе 3-6 јајца во дупка во дрво. Низ Европа, но и низ Азија и Америка, природнонаучниците и орнитолозите ставаат кутии за гнездење за оваа и другите мали утки.

Исхрана[уреди]

Оваа мала утка претежно се храни со глодари, други мали цицачи, но и со птици и инсекти и други без’рбетници. Таа е ноќна птица, но понекогаш е принудена да лови и дење заради кратките ноќи летно време.

Смртност[уреди]

Познато е дека пердувестата кукмјавка живее над 16 години. Бидејќи е ова мала утка, таа често е ловена од страна на поголемите, како и од други предатори, што го скратува нејзиниот просечен животен век.

Подвидови[уреди]

Пердувестата кукумјавка има 7 подвида:

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Aegolius funereus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106002291. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Bull, Farrand (1994). „National Audubon Society Field Guide to North American Birds: Eastern Region“. New York: Alfred A. Knopf. стр. 554. ISBN 0-679-42852-6. 
  3. The Owl Pages. [1], Retrieved on May 10, 2013
  4. Boulder County Nature Association. [2], Retrieved on May 10, 2013.

Надворешни врски[уреди]