Пеколен портокал (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Пеколен портокал“ | |
Оригинален постер |
|
| Режирано од | Стенли Кјубрик |
|---|---|
| Продуцент | Стенли Кјубрик |
| Сценарист | Стенли Кјубрик Ентони Бургес |
| Настапуваат | Малколм Мекдауел |
| Музика | Венди Карлос |
| Кинематографија | Џон Алкот |
| Монтажа | Бил Батлер |
| Дистрибутер | Warner Bros. |
| Премиера | 19 декември 1971 |
| Времетраење | 136 мин. |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
| Буџет | $2.2 милиони |
| Бруто заработка | $26,589,355 |
Пеколен портокал (анг. A Clockwork Orange), снимен во 1971 година е крими-драма-трилер филмска адаптација на истоимениот роман од 1962 година, напишан од Ентони Бургес (анг. Anthony Burgess). Адаптацијата е продуцирана, напишана и режирана од Стенли Кјубрик. Главната улога на харизматичниот и психопатски деликвент Алекс ДеЛарџ ја игра Малколм Мекдауел.
Пеколен портокал содржи вознемирувачка, насилна сликовитост преку која ја истражува социјалната позадина на младинските банди и другите теми на футуристичкото дистописко општество. Саундтракот на филмот се состои главно од класична музичка селекција и композиции на Венди Карлос изведени на Moog синтисајзер.
[уреди] Кратка содржина
Поставен во Англија во 1995 година, филмот го следи животот на тинејџерот Алекс ДеЛарџ чии задоволства вклучуваат класична музика (најмногу Бетовен), силување и екстремно насилство. Тој е лидер на мала банда насилници, кои ги ословува како негови „droogs“(од рускиот збор друг кој значи „пријател“ или „братко“). Алекс го раскажува поголем дел од филмот во „надсат“: фрактуриран, современ адолесцентски сленг кој се состои од словенски (посебно руски), англиски и кокни сленгови во рима. Алекс е дрзок и склон кон злоставување на другите; ги лаже родителите за да избега од училиште и има скап стерео систем од кој одекнува колекцијата на класични музички снимки.
