Панаѓуриште (Свеќани)

Координати: 41°35′52″N 21°51′11″E / 41.59778° СГШ; 21.85306° ИГД / 41.59778; 21.85306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Панаѓуриште


Местоположба 41°35′52″N 21°51′11″E / 41.59778° СГШ; 21.85306° ИГД / 41.59778; 21.85306
Основни податоци
Место Свеќани
Општина Градско
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Панаѓуриште или Св. Константин и Еленаархеолошко наоѓалиште во велешкото село Свеќани. Претставува средновековна црква и некропола. На 3 км југозападно од селото, на североисточната страна на ридот Св. Констатин и Елена се наоѓаат остатоци од манастирска црква изградена кон крајот на IX век и на почетокот на X век. Подоцна, во XIII и XIV век, црквата била преѕидана и доградена. Од нејзината западна страна се гледаат гробови со конструкција од камени плочи. Во црквата бил ѕидан и еден надгробен споменик - стела, а во западниот ѕид на другата црква (од 1888 година), која се наоѓа во непосредната близина, е вѕидан натпис кој го споменува името на градот Аргос.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 81, ISBN 9789989101069