ПОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе

Од Википедија — слободната енциклопедија
ПОУ „Д-р Трифун Пановски“

Место
Општина: Битола
Наречено по: Трифун Пановски
Нас. место: Нижеполе
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место www.trifunpanovskibitola.wordpress.com/

Подрачно основно училиште (ПОУ) „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе ― поранешно основно училиште кое било дел од истоименото централно училиште од Битола.

Историја[уреди | уреди извор]

Училиштето во почетокот на 20 век.

Градбата е изградена во дворот на црквата „Света Петка“ на крајот на 19 или на самиот почеток на 20 век како грчко училиште за претежно гркоманското влашко население од Нижооле. Во триаголниот простор над нејзиниот главен влез има опширен натпис кој информира дека училиштето е изградено во времето на митрополитот Амвросиј Пелагониски (1899–1903) со средства од Нижополецот Константин Беби (Константинос Бембис). Зградата е во класичен и еклектичен стил популарен во тоа време во Битола.[1]

По воспоставувањето на македонската држава, училиштето го добило името по докторот и партизанот Трифун Пановски.

Училиштето престанало со настава после учебната 2010/11 година.[2]

Особености[уреди | уреди извор]

Подрачното училиште во Нижеполе располага со училишна зграда со површина од 321,00 м2 во која се наоѓаат две училници и една канцеларија, и училишниот двор со површина од 180,00 м2[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 37. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2023-07-12.
  2. 2,0 2,1 „Самоевалуација на училиштето“ (PDF). ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола. 2019. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-01-21. Посетено на 12 јули 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]