Очилен кајман
| Очилен кајман | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Рептили |
| Ред: | Crocodilia |
| Фамилија: | Alligatoridae |
| Род: | Caiman |
| Вид: | C. crocodilus |
| Биномен назив | |
| Caiman crocodilus (Linnaeus, 1758) |
|
| подвидови | |
|
C. c. apaporiensis |
|
| распространетост на очилниот кајман | |
Очилниот кајман (Caiman crocodilus) познат и под името обичен кајман е крокодиловиден рептил кој го среќаваме во поголемиот дел на Централна и Јужна Америка. Овој вид живее во мочуришта и речни системи, но подеднакво поднесува и солена и слатка вода. Поради оваа карактеристика тoj е најчесто среќаваниот вид од сите крокодиловидни животни.
Содржина |
Карактеристики [уреди]
Овој вид на кајман може да порасне и до 3 метри на повеќето индивидуи не се подолги од 2,5 метри. Мажјаците најчесто се долги помеѓу 2 и 2,5 метри а женките се помали, односно околу 1,4 метри (види полов диморфизам). Името на овој кајман е добиено како резултат на коскениот израсток меѓу очите поради кој имаме впечаток дека носи очила. Муцката им е широка, а според телесните пропорции доста наликуваат на крокодилите. Бојата на кожата варира од сива до маслинесто зелена. Мажјаците се територијални животни, и присутна е доминантна хиерархија.
Исхрана [уреди]
Младите кајмани воглавно се хранат со речни без’рбетници. Као стареат, така исхраната им се збогатува со рбетници, а возрасните индивидуи ловат и цицачи. За време на сушните периоди, очилните кајмани прекинуваат да се хранат, излегуваат од водата и за закопуваат во калта каде мируваат. Понекогаш, во такви екстремни услови се забележува и појава на канибализам.
Размножување [уреди]
Женките достигнуваат сексуална зрелост на возраст од 4-7 години, кога се долги околу 1,2 метри. Мажјаците достигнуваат сексуална зрелост при должина од 1,4 метри. Неколку женки можат да делат едно гнездо, што им овозможува полесна одбрана на јајцата и на младите кајмани. Поради истата причина се случува една женка да превземе родителска грижа и врз младите на други парови. Социјална хиерархија се појавува и помеѓу младите кајмани.
Подвидови [уреди]
Постојат 3 познати подвида на очилниот кајман:
- C. c. apaporiensis - река Рио Апапорис
- C. c. crocodilus - Колумбија, Перу и делови на Амазон
- C. c. fuscus - Мексико
Во минатото се сметало дека јакарскиот кајман е подвид на очилниот кајман.
Надворешни врски [уреди]
- (англиски) Crocodile Specialist Group (1996). Caiman crocodilus. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. пров на 06 мај 2006 (англиски) Database entry includes a brief justification of why this species is of least concern
- (англиски) Crocodilian Species list from the Florida Museum of Natural History