Олимпија де Гуж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Олимпија де Гуж (7 мај 1748 - 3 ноември 1793) е родена во Монтаубан, во близина на Тулуз, во Јужна Франција како Мари Гуж. Мотивирана од револуционерните случувања од 1789, редовно ги посетувала седниците на Националното собрание. Своите идеи ги променила во предлози за социјално-политички мерки коишто ги печатела и ги истакнувала во вид на плакати, на свој трошок. Со својата Декларација за правата на жената и граѓанката од 1791 година, Олимпија де Гуж била првата личност што навистина опширно ги формулирала човековите и граѓанските права. Декларацијата предизвикала внимание во цела Франција и пошироко.[1]

Белешки[уреди]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336. конс. 22 јуни 2007.