Клуб Олимпија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Олимпија Асунсион)
Прејди на: содржини, барај
ПарагвајОлимпија
Целосно име Club Olimpia Asunción
Прекар(и) Деканот
Основан 25 јули 1902
Терен Стадион Мануел Фереира
Асунсион, Парагвај
(Капацитет: 15,000)
Претседател Парагвај Марсело Реканете
Тренер Уругвај Грегорио Перез
Лига Примера Дивизион
Апертура 2012 Апертура 2012, 2-ри
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm olimpia 2012-13.png
Team colours
Kit body olimpia 2012-13.png
Team colours
Kit right arm olimpia 2012-13.png
Team colours
Kit shorts olimpia 2011.png
Team colours
Team colours
Домашни бои
Kit left arm olimpia 2012-13 alter.png
Team colours
Kit body olimpia 2012-13 alter.png
Team colours
Kit right arm olimpia 2012-13 alter.png
Team colours
Kit shorts olimpia alter 2011.png
Team colours
Team colours
Гостински бои
Kit left arm olimpia conmemorativo 1902-2012.png
Team colours
Kit body olimpia conmemorativo 1902-2012.png
Team colours
Kit right arm olimpia conmemorativo 1902-2012.png
Team colours
Kit shorts olimpia alter 2011.png
Team colours
Team colours
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клуб Олимпија Асунсион (шпански: Club Olimpia) е парагвајски спортски клуб со седиште во Асунсион. Тој е најдобро познат по својот професионален фудбалски тим кој игра во Примера Дивизион. Олимпија истотака е најуспешен тим во земјата, и досега имаат освоено 39 национални титули.

Олимпија е еден од осумте тимови во КОНМЕБОЛ кој успеал да направи Требл. На меѓународно ниво, тие истотака се единствениот парагвајски тим кој успеал да триумфира во Копа Либертадорес, правејќи го тоа три пати. Тие исто така се и единствениот тим кој стигнувал до финалето на Копа Либертадорес најмалку еднаш на секои десет години од почетокот на натпреварувањето. Олимпија го има освоено и Интерконтиненталниот куп еднаш, Рекопа Судамерикана двапати, потоа Суперкопа Судамерикана еднаш, и Копа Интерамерикана истотака еднаш. IFFHS и ФИФА ја сместиле Олимпија како еден од првите пет најдобри јужноамерикански клубови на 20 век и е еден од "Класик клубовите" во историјата на фудбалот.

Клубот бил основан во 1902 година и е најстар клуб во земјата. Тие имаат жестоко ривалство со градскиот опонент, тимот на Серо Портењо, кое е попознато како Класико на парагвајскиот фудбал. Иако причината на ривалството е непозната, се верува дека е зголемено во шеесеттите и седумдесеттите години, кога на национално и меѓународно ниво успесите на Олимпија започнале да ја засенуваат популарноста Серо Портењо. Домашен стадионот на клубот е Мануел Фереира или дури и познат како Боске де Пара Уно.

Историја[уреди]

На 25 јули 1902 година Холанѓанецот Вилијам Паатс (кој се смета за таткото на парагвајскиот фудбал) и парагвајците Сила Годои, Фернандо Паскуал, Густаво Кровато, Ектор Кабањас, Хуан Роди, Антонио Педраса, Луис Марекос, Хуан Мара и Џенаро Гутиерес Иегрос основаат Клуб Олимпија. Од предложените три имиња - Парагвај, Еспарта и Олимпија, Паатс го избира последното во чест на старогрчкиот град Олимпија, местото на раѓање на Олимписките игри.

Првата комбинација на тимот се состела од црни дресови со бел натпис "Олимпија" на градите и бели шорцеви. Подоцна за бои на тимот се прифатени белата и црната и домашниот дрес станува бел со црна хоризонтална линија.

Првата шампионска титула на Олимпија датира од 1912 година, 6 години по одржувањето на првото првенство. Следуваат уште 3 титули, за да се дојде до историските 3 последователни титули во периодот 1927 - 1929 година, остварување кое за прв пат било постигнато во Парагвај токму од Олимпија. Во 1930-тите години Олимпија повторно освојува 3 последователни титули. По долгата суша со претежно слаби резултати и само 2 титули во текот на 1940-те години доаѓаат годините на апсолутна доминација на овој тим.

За претседател на тимот е избран Мануел Фереира. Во неговото време започнала изградбата на денешниот стадион на Олимпија, денес именуван по неговото име, а во тимот биле привлечени неколку добри фудбалери, кои помагаат да се стигне до рекордот од тогаш 5 последователни титули во периодот 1956 - 1960 година, како и освојувањето на титулата без пораз во 1959 година. Врвот на овие достигнувања е пласманот во финалето, прв во историјата на клубот, во Копа Либертадорес во 1960 година, каде биле поразени од Пењарол.

Во 1975 година е избран нов претседател Освалдо Домингес Диб, кој раководи со тимот до 1991 година и потоа во периодот 1995 - 2004 година. Ова е најуспешниот претседател во историјата на Олимпија. Во 1979 година тимот освојува 3 меѓународни купа - Копа Либертадорес, Интерконтиненталниот куп, и Копа Интерамерикана. Олимпија покажува успешни игри и на домашната сцена, откако го подобрува рекордот овојпат освојувајќи 6 последователни титули во периодот меѓу 1978 и 1983 година, а го освоија повторно Копа Либертадорес во 1990 година (додека 1 година пред тоа губат во финалето) и Суперкопа Судамерикана - турнирот, во кој учествуваат само најуспешните тимови во историјата на Копа Либертадорес. Во 1991 година Олимпија игра 3-ти пат по ред во финалето на Копа Либертадорес, но повторно (како и во 1989 година) не успева стигне до трофејот. Овие успеси на тимот го ставаат меѓу најдобрите и најпочитуваните пет клуба во Јужна Америка.

Најзабележителниот успех на тимот во парагвајското првенство во поново време се 4-те последователни титули во периодот 1997 - 2000 година. Во 2002 година, кога тимот ја слави 100-годишнината, Олимпија го освојува Копа Либертадорес за 3-ти пат во историјата. Но, потоа паѓа во серија лоши резултати и по 2000 година успева да освои само една шампионска титула (во 2011), а недостигаат и успесите на меѓународната сцена.

Играчи[уреди]

Моментален Состав[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Уругвај ГМ Мартин Силва
2 Парагвај ОД Алфредо Рохас
3 Уругвај ОД Алехандро Силва
4 Уругвај ОД Себастијан Ариоса
5 Парагвај ОД Хулио Цесар Касерес (К)
6 Парагвај ОД Енрике Меза
7 Аргентина НП Максимилијан Бијанкуки
9 Парагвај НП Нестор Бареиро
10 Уругвај СР Хуан Мануел Салгеиро
11 Парагвај НП Арналдо Касторино
12 Парагвај ГМ Виктор Сентурион
13 Парагвај СР Карлос Умберто Паредес
14 Парагвај СР Едуардо Аранда
15 Парагвај НП Хулио Санта Круз
Бр. Нац. Позиција Играч
16 Парагвај НП Фреди Бареиро
17 Парагвај СР Жорге Нуњес
18 Парагвај СР Освалдо Хобекер
19 Парагвај ОД Салустано Кандиа
20 Парагвај ОД Еухенио Монтиел
21 Парагвај СР Фабио Кабалеро
22 Парагвај ОД Ричард Салинас
23 Парагвај СР Жорге Баез
24 Парагвај СР Ричард Ортиз
25 Парагвај СР Ернан Перез
27 Уругвај СР Мигел Амадо
28 Парагвај СР Виктор Мата
- Парагвај ГМ Герардо Ортиз
- Парагвај СР Маркос Пфингст

Титули[уреди]

Надворешни врски[уреди]