Клуб Либертад

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Либертад
Libertad
Целосно име Club Libertad
Прекар(и) Гумарело
Основан 1905
Терен Др. Николас Леоз Стадион
Асунсион, Парагвај
(Капацитет: 10,000)
Претседател Парагвај Хорасио Картес
Тренер Парагвај Жорге Буручага
Лига Примера Дивизион
Апертура 2012 Апертура 2012, 3-ти
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm black stripes thin1.png
Team colours
Kit body libertad 2010.png
Team colours
Kit right arm black stripes thin1.png
Team colours
Kit shorts stripes cut black.png
Team colours
Team colours
Домашни бои
Kit left arm sccp08a.png
Team colours
Kit body libertad 2010b.png
Team colours
Kit right arm sccp08a.png
Team colours
Kit shorts white stripes.png
Team colours
Team colours
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клуб Либертад е спортски клуб со седиште во Округот Тујука на градот Асунсион, главниот град на Парагвај. Тој е основана на 30 јули, 1905 и во моментов игра во Парагвајската Примера Дивизион. Клубот е познат како "Гумарело" или "Репољерос".

Либертад е трет најтрофеен парагвајски фудбалски клуб, кој има освоено четиринаесет национални титули, а тие исто така имаат учествувано и на неколку изданија на Копа Либертадорес и Копа Судамерикана, и стигнале до полуфиналето на Либертадорес во два наврати во 1977 и 2006 година.

Историја[уреди]

Формирање[уреди]

1905 година била година на многу промени во Парагвај. По успешна револуција, на против кандидатите кој стигнале на бродот "Саксонија" од Буенос Аирес минатата година, паднала поранешната владејачка партија (Колорадо) и е спроведена т.н. Либералната партија. Зборовите "слобода"(на шпан. Либертад), "демократија", "еднаквост" станале модерни, иако, во суштина, условите сеуште не биле соодветни за се дадат вистинските вредности. Во оваа средина, група на млади луѓе во првите денови од јуни се шетале по бродот "Либертад", како што подоцна бил наречен дотогашниот брод "Саксонија". Убави девојки од општеството истотака биле во групата која се наоѓала на бродот. И во тоа време дошла идејата за создавање на фудбалски клуб. Водачот на групата бил младиот Хуан Мануел Соса Ескалада кој го предложил името "Либертад" за во иднина на оваа нова институција.

Клубот официјално бил основан на 30 јули 1905 година од страна на Соса и неговите пријатели. Иако околу името имало неколку несогласувања, затоа што некој сакале клубот да го носи името "Парагвај" сепак идејата на Соса преовладала и тој дефинитивно започнува со работа како Клуб Либертад.

Првиот шампионат и напуштање на Лигата[уреди]

Клубот ја освоил својата прва титула во националниот шампионат во 1910 година, победувајќи го тимот на Клуб Атлантида, во недела 9 октомври, на теренот Генерал Бернардино Кабалеро. Во финалето првиот тим на Либертад бил составен од : Ромеро, Родригез Алмеида, Постиго, Финкс, Пинтос, Амдреани, Виљамајор (капитен), Финкс, Баудин и Ајала. Во првото полувреме, Либертад го отворил резултатот со погодокот на Баудин. Втората погодок за Либертад во ова финалето бил дело на Басилано Виљамајор кој го направил резултатот 2-0 за својот тим. Во второто полувреме Закаријас Гаона, постигнал погодок за Атлантида, но тој не ја загрозил победата на Либертад. Веднаш по освојувањето на оваа титула тие ја напуштиле лигата која била организирана од Фудбалската асоцијација на Парагвај и започнуваат да се натреваруваат во друга паралелна лига. Тука тие биле најуспешни со три освоени титули во (1913, 1914, 1916), две повеќе од најлутиот ривал Атлантида (кој триумфирал во 1915).

Од првата титула до ден денес[уреди]

Откако ја освоил својата прва титула во 1910 година, Либертад отсекогаш бил во сенка на двата најголеми клубови во Парагвај: Олимпија и Серо Портењо, кои заедно освоиле преку 80% од националните фудбалски првенства. И покрај тоа, Либертад ја потврдува позицијата на трета "најголема" екипа во Парагвај со освојување на петнаесет првенства и за сега ја добива трката со неговиот најлут ривал низ историјата Гуарани. Последната титула Либертад ја освои во 2010 година триумфирајќи во првенството на Клаусура.

Тие стигнаа до полуфинаето на Копа Либертадорес во 2006 година и до четврт финалето во 2007, 2010, 2011 и 2012. Либертад истотака има освоено и четири првенства едноподруго во периодот 2006-2008 (последните две во овие години беа независни титули).

Играчи[уреди]

Моментален Состав[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Уругвај ГМ Родриго Муњоз
2 Парагвај ОД Жорге Мореира
3 Парагвај ОД Исмаел Бенегас
4 Парагвај ОД Густаво Менсиа
5 Уругвај СР Себастијан Егурен (К)
6 Парагвај ОД Клаудио Варгас
7 Парагвај НП Пабло Веласкез
8 Аргентина СР Пабло Гуињацу
9 Ерменија НП Мауро Гуевгеозијан
10 Парагвај ОД Мигел Самудио
12 Парагвај ГМ Диего Морел
13 Парагвај ОД Алдо Олмедо
14 Парагвај СР Рубен Монхес
15 Парагвај ОД Густаво Гомез
Бр. Нац. Позиција Играч
16 Парагвај СР Серхио Аквино
17 Парагвај СР Осмар Молинас
18 Аргентина НП Кристијан Менендез
19 Парагвај СР Нелсон Ромеро
20 Парагвај НП Мануел Масиел
21 Парагвај СР Вилијам Мендиета
22 Парагвај СР Нестор Камачо
23 Парагвај НП Родолфо Гамара
24 Парагвај НП Хозе Ариел Нуњез
25 Парагвај ГМ Бернардо Медина
26 Парагвај ОД Педро Бенитез
27 Парагвај СР Хорхе Гонзалез
29 Парагвај НП Хуан Самудио

Титули[уреди]

  • Примера Дивизион (15) : 1910, 1917, 1920, 1930, 1943, 1945, 1955, 1976, 2002, 2003, 2006, 2007, 2008 Апертура, 2008 Клаусура, 2010 Клаусура

Надворешни врски[уреди]