Олга (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олга
Лице
Опачина
Поединости
Серија Ден на Ангел
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 30 x 50 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 3.500 ден.


Олгакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето од парата е прикажан ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел на лицето на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажни натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината од парата, во средишниот дел од монетата е претставена слика на Света Олга, сопруга на киевскиот велики кнез Игор Рјурикович. Кнегињата Олга била првата жена владетел во Русија и првата владетелка на Русија, која го прифатила христијанството. Таа била канонизирана како прва руска светителка од православната црква. На десната страна е прикажан леопард, симбол на името на Олга. На левата страна е вметнат жолт кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Олга (килибар). На десната страна е напишано името „Олга“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажни натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски) и ознаката „Аg 925“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ОЛГА". Посетено на 8 јануари 2018.