Година на кучето - безбедна година на кучето (кована пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Година на кучето - безбедна година на кучето
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 38,61 мм
Облик кружен
Издадена 2018
Цена 3.200 ден.


Година на кучето - безбедна година на кучетокована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Лице[уреди | уреди извор]

На лицето, во средината на монетата се претставени Грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Опачина[уреди | уреди извор]

На опачината, во средината на монетата е претставена слика на куче во боја претставено како заштитник на домот - куче кое прегрнува куќа. Над куќата е прикажано небо со ѕвезди, Сонцето и Месечината. Во горниот дел од реверсот на монетата (по должината на периметарот), се наоѓа натписот „БЕЗБЕДНА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Година на кучето – безбедна година на кучето". Посетено на 8 јануари 2018.