Периметар

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Периметар е растојанието околу дадена геометриска слика. Зборот е со старогрчко потекло и значи „обиколна мерка“.

Содржина

[уреди] Практична примена

Периметарот и плоштината играат голема улога во денешниот свет. При поставувањето на огради и други граничници, луѓето пресметуваат периметар на просторот. Плоштината пак се користи кога извесен простор е исполнет со нешто, како да речеме двор со ѓубриво.

[уреди] Формули

[уреди] Многуаголници

По правило, периметарот на многуаголник се пресметува со собирање на должините на сите страни. Така, формулата за триаголници е P = a + b + c, каде a, b и c се неговите страни. За четириаголници равенката е P = a + b + c + d. За рамнострани многуаголници, P = na, каде n е бројот на страни, а a е должината на страна.

[уреди] Кружници

За кружници равенката е


  P = 2 \cdot \pi \cdot r

или


  P = d \cdot \pi

(Точката означува множење)

[уреди] Видете исто така