Обичен тажник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обичен тажник
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Розовидни
Фамилија: Рози
Род: Тажник
Вид: Обичен тажник
Биномен назив
Filipendula vulgaris
Moench

Обичен тажник или само тажник (науч. Filipendula vulgaris) — повеќегодишна билка од фамилијата на розите (Rosaceae). Вирее на суви пасишта ширум најголемиот дел од Европа, како и средна и северна Азија. Присутно е и во Македонија.[1]

Раст[уреди]

Има ситни зраковидни ливчиња налик на папрат и исправено стебленце со висина од 20-50 см.[2] и проретчено соцветие на крајот. Овие минијатурни цветчиња се распоредени во густи китки и излегуваат доцна напролет и траат до средината на летото. Кога ќе се смачкаат, листовите и корењата оддаваат мирис многу сличен на масло од зимзелен (Gaultheria procumbens).

Растението претпочита целосна изложеност на сонце. Трпи сушни услови подобро од другите членови на родот.

Одгледување[уреди]

Растението никнува од семе, а потоа може да се размножи од ползечките корења.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]