Неофит Рилски
| Неофит Рилски | |
| педагог и научник од Бугарија | |
| Роден | 1793 Банско, Пиринска Македонија, |
|---|---|
| Починал | 4 јануари 1881 Рилски манастир, |
Неофит Рилски (граѓанско име Никола Поп Петров Бенин) бил еден од наjистакнатите бугарски преродбеници со потекло од Пиринска Македонија, монах, педагог и научник.[1][2] Уште сосем млад избегал од родниот град Банско во Рилскиот манастир, во коj во 1818 година станал монах, а во периодот од 1860 до 1864 бил и негов игумен. Меѓу неговите наjпознати дела се учеството во создавањето на првото модерно бугарско средно училиште во 1835 година, за кое Рилски напишал и некои од учебниците како учебникот за начелниот курс "Взаимоучителни таблици", првата новобугарска граматика, издадена во истата година, првиот бугарски учебник по Берт-Ланкастеровиот педагошки метод "Краснописание", издаден во 1837-а, и "Зборник на бугарскиот jазик, изтолкуван од црковно-словенски и грчки jазик" во 1875-а. Во 1840 го издал и првиот новобугарски превод на Новиот завет со името "Нов'j завет господа нашего Иисуса Христа сега новопреведенн'j от Славенскаго на Болгарскиj jаз'ик".
[уреди] Извори
- ↑ Стилиян Чилингиров, "Неофит Рилски", Библиотека "Български писатели" под ред. на М. Арнаудов, том I, Издателство "Факел", София, 1929.
- ↑ Академик Иван Радев, "Йеромонах Неофит Рилски - от личността към делото му, в "Литература в дискусия", II, съст. Елена Тачева, Роман Хаджикосев, Албена Вачева, Варна, LiterNet, 2006.