Неаполски Залив
Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Неаполски залив)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Неаполскиот залив (италијански: Golfo di Napoli) се простира вон југозападнто крајбрежје на Италија (провинција Неапол, регион Кампанија). Западно гледа кон Средоземното Море. На север се граничи со градовите Неапол и Поцуоли, на исток со планината Везув, а јужно со Сорентинскиот полуостров и неговиот главен град Соренто; Овој полуостров го двои Неаполскиот од Салернскиот залив.
Во самиот залив се сместени островите Капри, Искија и Прочида. Оваа област е важна туристичка дестинација за Италија со римските рушевини во некогашните градови Помпеја и Херкуланеум (уништени во 79 год. со ерупцијата на вулканот на Везув).