Семрежни бои

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мрежни бои)
Прејди на: содржини, барај

Семрежни бои (англ. web colors) — бои кои се користат во изработката на страници на семрежјето и методите на нивно опишување. Хексадецималните кодови на боите почнуваат со тараба (#).[1][2]

Изработувачите на страниците имаат најразлични можности за задавање на саканите бои на елементите во нив. Боите можат да се зададат како RGB-тројки во хексадецимален формат (hex triplet), но во некои случаи и според нивните вообичаени англиски изрази. За утврдување на бојните вредности се користи алатка за бои или друг графички програм.

Првите верзии на прелистувачите Mosaic и Netscape Navigator користеле називите од системот X11 како основа на списоците на бои, бидејќи обете започнале со работа на X Window System.[3]

Семрежните бои имаат недвосмислено колориметриско толкување (sRGB) што се однесува на хроматичностите на дадено фосфорно множество, извесна крива на пренос, прилагодлива целна белина и услови за гледање.[4] Овие се избрани како слични на вистинските монитори и услови, па така дури и без раководство со боите, исцртувањето е прилично блиско до укажаните вредности. Меѓутоа корисничките вршители се разликуваат во верноста со која ги прикажуваат боите. Понапредите користат раководство со боите за да добијат на верност, што е мошне значајно во услови кога прикажаното треба да се печати.

Хексадецимална тројка[уреди]

Хексадецимална тројка (hex triplet) е шестцифрен трибајтен хексадецимален број што се користи во HTML, CSS, SVG и други системи за претставување на боите. Бајтите ги претставуваат црвениот, зелениот и синиот дел од бојата. Еден бајт претставува број во опсег од 00 до FF (хексадецимално) или од 0 до 255 (декадно), при што бројот ја изразува јачината на секој дел од бојата. Така, семрежните брои ги претставуваат боите во „вистинска“ (24-битна RGB) шема. Хексадецималната тројка се образува со составување на три бајти во хексадецимален запис, по следиов редослед:

бајт 1: црвена вредност
бајт 2: зелена вредност
бајт 3: сина вредност

На пример, да земеме боја каде вредностите црвена/зелена/сина се декадни броеви: црвена=36, зелена=104, сина=160 (сивкаста сина боја). Декадните броеви 36, 104 и 160 се истоветни со хексадецималните броеви 24, 68 и A0. Тројката се добива со спојување на шесте хексадецимални цифри 2468A0, во овој пример.

Теба да се напомене дека ако една од трите бојни вредности е помала од 16 (декадно) или 10 (хексадецимално), тогаш мора да се претстави со предзнак нула, бидејќи тројката секогаш мора да има шест цифри. На пример, декадната тројка 4, 8, 16 се претставува хексадецимално како 04, 08, 10, образувајќи ја хексадецималната тројка 040810.

Бројот на боите што може да ги претстави овој систем изнесува 256 × 256 × 256 = 16 777 216.

Понекогаш среќаваме скратен трицифрен хексадецимален облик.[5] Кратенката потоа може да се разложи во стандардниот шестцифрен облик со едноставно удвојување на секоја цифра: 09C станува 0099CC. Ова ѝ овозможува на секоја бојна вредност да го покрие полниот опсег од 00 до FF.

Трицифрениот облик важи за CSS, но не и за HTML. Поради ова, некои прелистувачи не можат да протолкуваат ваква боја како важечка доколку овој облик е употребен било кој атрибут освен „style“.

Претворање на RGB во хексадецимален запис[уреди]

Вредностите на тројката (RGB) обично се дадени во опсегот 0–255; доколку се наведени во опсегот 0–1, вредностите се множат со 255 пред претворањето. Овој број се дели со 16 (целобројно, занемарувајќи го остатокот) и така ја добиваме првата хексадецимална цифра (помеѓу 0 и F, каде буквите од A до F ги претставуваат броевите од 10 до 15). Остатокот ни ја дава втората хексадецимална цифра. На пример RGB-вредноста 201 се дели на 12 групи од по 16, па затоа првата цифра ќе биде C. Остатокот 9 го дава хексадецималниот број C9. Истото се повторува за секоја од трите бојни вредности.

HTML-називи на боите[уреди]

Одредбите наHTML 4.01[6] ги дават следниве шеснаесет именувани бои:

Називи на боите во CSS 1–2.0 / HTML 3.2–4 / VGA
Назив Хекс. тројка Црвена Зелена Сина Тон Засит Светл Засит Вредн CGA-број (назив); алијас
бела #FFFFFF 100% 100% 100% &10000000000000000000000 0% 100% 0% 100% 15 (white)
сребрена #C0C0C0 75% 75% 75% &10000000000000000000000 0% 75% 0% 75% 07 (light gray)
сива #808080 50% 50% 50% &10000000000000000000000 0% 50% 0% 50% 08 (dark gray)
црна #000000 0% 0% 0% &10000000000000000000000 0% 0% 0% 0% 00 (black)
црвена #FF0000 100% 0% 0% &10000000000000000000000 100% 50% 100% 100% 12 (high red)
темнокостенлива #800000 50% 0% 0% &10000000000000000000000 100% 25% 100% 50% 04 (low red)
жолта #FFFF00 100% 100% 0% &1000000000000006000000060° 100% 50% 100% 100% 14 (yellow)
маслинеста #808000 50% 50% 0% &1000000000000006000000060° 100% 25% 100% 50% 06 (brown)
лимета #00FF00 0% 100% 0% &10000000000000120000000120° 100% 50% 100% 100% 10 (high green); green
зелена #008000 0% 50% 0% &10000000000000120000000120° 100% 25% 100% 50% 02 (low green)
вода #00FFFF 0% 100% 100% &10000000000000180000000180° 100% 50% 100% 100% 11 (high cyan); cyan
берија #008080 0% 50% 50% &10000000000000180000000180° 100% 25% 100% 50% 03 (low cyan)
сина #0000FF 0% 0% 100% &10000000000000240000000240° 100% 50% 100% 100% 09 (high blue)
тегет #000080 0% 0% 50% &10000000000000240000000240° 100% 25% 100% 50% 01 (low blue)
фуксија #FF00FF 100% 0% 100% &10000000000000300000000300° 100% 50% 100% 100% 13 (high magenta); magenta
пурпурна #800080 50% 0% 50% &10000000000000300000000300° 100% 25% 100% 50% 05 (low magenta)

Овие 16 бои биле означени како sRGB во HTML 3.0, со образложението дека се „стандардните 16 бои што ги поддржува VGA-палетата на Windows.“[7]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Niederst Robbins, Jennifer. Web Design in a Nutshell, стр. 103.
  2. York, Richard. Beginning CSS, стр. 71–72.
  3. Водич за графика - SP LUS (англиски)
  4. Digital Color Imaging Handbook By Gaurav Sharma. ISBN 084930900X
  5. Боен модул CSS3 (англиски)
  6. HTML 4.01 - 6.5 „Бои“ (англиски)
  7. HTML 3.2 - „Елементот BODY“ (англиски)

Надворешни врски[уреди]