Луминисценција
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Луминисценција, по дефиниција, е емисија на светлина која не е директен резултат на зрачењето на некое тело. Тоа е појава различна од сјаењето поради тоа што обично се случува на ниски температури и затоа претставува облик на зрачење кај ладните тела. Може да биде предизвикана на различни начини, а меѓу најзначајните се издвојуваат хемиските реакции, електричната енергија, субатомските движења или притисокот врз кристалните решетки. Познати се следниве типови на луминисценција:
- Хемолуминисценција
- Кристалолуминисценција
- Електролуминисценција
- Механолуминисценција
- Фотолуминисценција
- Радиолуминисценција
- Сонолуминисценција
- Термолуминисценција
Од историски аспект, радиоактивноста се смета како прва забележана форма на радиолуминисценија, иако денес се смета дека радиоактивноста и радиолуминисценијата се два различни процеси поради тоа што радиоактивноста вклучува и нешто повеќе од електромагнетна радијација.
