Милениумски крст

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Милениумскиот крст на планината Водно.
Билет издаден од Скопската православна епархија на МПЦ за користење на лифтот
Кабини на жичницата со градот Скопје во позадина

Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, ова е највисокиот објект во Македонија. Неговите архитекти се Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.

Содржина

[уреди] Конструкција

Конструкцијата на крстот започнала во 2002 и била финансирана од Македонската Православна Црква, македонската Влада и донатори од Македонија и Македонци од целиот свет. Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст. На 8 септември 2008, денот на независност на Република Македонија, во внатрешноста на крстот бил вграден лифт.

[уреди] Жичница „Милениумски крст“

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Жичница „Милениумски крст“.

Жичницата „Милениумскиот крст“ е жичарница со кабини која води до крстот и служи за панорамско разгледување на градот и планината. Со неа стопанисува превозникот ЈСП Скопје.

Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010. [1] Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“[1].

Жичарницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011 [2]

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 Утрински весник, Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата, пристапено на 8 мај 2010 г.
  2. Водно доби жичарница - build.mk
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици