Споменик на Св. Климент и Наум (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон споменикот

Св. Климент и Наум претставува монументален бронзен споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 12 јуни 2010 година. На мермерниот постамент од 3,5 метри се поставени двата големи македонски словенски просветители Светите Климент и Наум Охридски, кои се претставени како монаси, а околу самиот постамент поставени се 4 бронсени релјефи, од кои на 3 се прикажани сцени од нивните житија.[1] Споменикот се наоѓа на Плоштадот Карпошово Востание на левата страна од кејот на Вардар, на влезот на Камениот Мост од страната на Старата Чаршија. Споменикот е изработен во леарницата Фрокаро, во Виченца, Италија и чинел 580.000 евра. Автор на споменикот е Перо Кованцалиев.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Уште два споменика од „ Скопје 2014". Алфа Телевизија. 12 јуни 2010. Посетено на 2011-11-06.[мртва врска]
  2. „Поставени спомениците на просветителите“. build.mk. 12 јуни 2010. Посетено на 2011-11-06.

Галерија[уреди | уреди извор]