Мост на уметноста — пешачки мост преку реката Вардар во центарот на Скопје. На него се поставени многу статуи на познати уметници. Сместен е помеѓу мостот „Слобода“ и мостот „Око“. Мостот е изграден во склоп на поголемиот проект „Скопје 2014“ и неговата изградба чини 2,3 милиони евра.[1]
На мостот има вкупно 27 скулптури, по 13 на секоја страна и една во средината. Долг е 83 метри и широк 9,2 м, со тоа што средишниот дел се проширува до 12 м.