Мелилја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мелилја (шпански: Melilla) е автономен град во Шпанија и шпанска ексклава на средоземниот брег на Северна Африка кој припаѓа на Шпанија од 1497. година. До 1995 година градот спаѓал под провинцијата Малага. Зафаќа површина од 20 км2 и има 73.000 жители.

Политички статус[уреди]

Градот се граничи со Мароко, со што таа држава полага право над градот. Се повикува на барање градот да биде под нејзина контрола, слично како во случајот со Гибралтар се наоѓа на шпанска територија, а е под британска контрола. Меѓутоа Владата на Шпанија и шпанскиот народ не се согласуваат, велејќи дека Мелилја и Сеута отсекогаш биле и ќе бидат шпанска територија.