Автономни заедници во Шпанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Автономната заедница (шпански: comunidad autónoma, баскиски: autonomia erkidego, каталонски: comunitat autònoma, галициски: comunidade autónoma) е првостепена политичко-административна единица во Шпанија, создадена согласно Уставот на Шпанија од 1978 г, со цел да ја гарантира автономијата на народностите и регионите во државата.[1][2][3] Бидејќи суверенитетот го има само државата како целина (а не заедниците), Шпанија не е федерација, туку мошне децентрализирана[4][5] унитарна дражва[1] која им ги отстапува правата на самоуправа на заедниците согласно пропишаното во уставот.[1] Денес постојат 17 автономни заеднии и 2 автономни града, со збирен назив „автономии“ (autonomías). Двата автономни града имаат право да се прогласат за автономни заедници, но тоа досега не го имаат направено.

Автономни заедници и градови[уреди]

Автономни заедници и нивните покраини
Автономна заедница Главен град Површина
(км²)
Население
(2011)
Густина
(жит/км²)
Службени
јазици
Покраини
 Андалузија Севилја 87.268 8.371.268 95,92 шпански Алмерија, Гранада, Кадиз (покраина)Кадиз, Кордоба, Малага, Севилја, Уелва и Хаен
 Арагон Зарагоза 47.719 1.344.502 28,17 шпански Зарагоза, Теруел и Уеска
 Астурија Овиедо 10.604 1.075.179 101,39 шпански, астурски (Астурија)[6]
 Балеарски Острови Палма 4.992 1.100.503 220,45 шпански, каталонски (Балеарски Острови)
 Баскија Виторија 7.234 2.185.405 302,10 шпански, баскиски Алава, Бискајаи Гипускоа[7]
 Канарски Острови Лас Палмас и Санта Круз де Тенерифе 7.447 2.082.655 279,66 шпански Санта Круз де Тенерифе и Лас Палмас
 Кантабрија Сантандер 5.321 592.543 111,36 шпански (Кантабрија)[8]
 Кастилја-Ла Манча Толедо 79.463 2.106.349 26,50 шпански Албасете, Гвадалахара, Квенка, Сиудада Реал и Толедо
 Кастилја и Леон Валјадолид и Бургос 94.223 2.540.251 26,95 шпански, леонски Авила, Бургос, Валјадолид (покраина)Валјадолид, Замора, Леон, Паленсија, Саламанка, Сеговија, Сорија
 Каталонија Барселона 32.114 7.519.838 234,16 шпански, каталонски, арански Барселона, [[[Жирона (покраина)|Жирона]], Љеида и Тарагона
 Мадрид Мадрид 8.028 6.421.878 799,93 шпански (Мадрид)
 Екстремадура Мерида 41.634 1.104.521 26,52 шпански Бадахоз и Касерес
 Галиција Сантијаго де Компостела 29.574 2.772.927 93,76 шпански, галициски Ла Коруња, Луго, Оренсе и Понтеведра
 Риоха Логроњо 5.045 321.171 63,66 шпански (Риоха)[9]
 Мурсија Мурсија 11.313 1.462.125 129,24 шпански (Мурсија)
 Навара Памплона 10.391 640.125 61,60 шпански, баскиски (Навара)[10]
 Валенсија Валенсија 23.255 5.009.930 215,43 шпански, валенсиски (каталонски) Аликанте, Валенсија и Кастелјон
Автономни градови
Град Површина
(км²)
Население
(2011)
Густина
(жит/км²)
Службени
јазици
Сеута Сеута 18,5 83.517 4.514,43 шпански
Мелилја Мелилја 12,3 81.323 6.611,62 шпански

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Organización territorial. El Estado de las Autonomías“. „Recursos Educativos“. Instituto Nacional de Tecnologías Educativas y de Formación del Profesorado. Ministerio de Eduación, Cultura y Deporte. http://recursostic.educacion.es/secundaria/edad/3esohistoria/para_pdf/quincena12.pdf. конс. 19 октомври 2012. 
  2. Член 2. Cortes Generales (1978). „Título Preliminar“. „Устав на Шпанија“. http://www.congreso.es/consti/constitucion/indice/titulos/articulos.jsp?ini=1&fin=9&tipo=2. конс. 29 септември 2012. 
  3. Член 143. Cortes Generales (1978). „Título VIII. De la Organización Territorial del Estado“. „Устав на Шпанија“. http://www.congreso.es/consti/constitucion/indice/titulos/articulos.jsp?ini=137&fin=158&tipo=2. конс. 29 септември 2012. 
  4. Bacigalupo Sagesse, Mariano (јуни 2005). „Sinópsis artículo 145“. „Constitución española (con sinópsis)“. Congress of the Deputies. http://www.congreso.es/consti/constitucion/indice/sinopsis/sinopsis.jsp?art=145&tipo=2. конс. 28 јануари 2012. 
  5. Ruíz-Huerta Carbonell, Jesús; Herrero Alcalde, Ana (2008). Bosch, Núria; Durán, José María. уред-ци. „Fiscal Equalization in Spain“. Edward Elgar Publisher Limited. ISBN 9781847204677. http://books.google.com/books/about/Fiscal_Federalism_and_Political_Decentra.html?id=ngoAEwlqMIsC. конс. 15 октомври 2012. 
  6. Порано: Овиедо.
  7. Официјално наречени „Историски територии“ (territorios históricos, баск. lurrande historiok).
  8. Порано: Сантандер.
  9. Порано: Логроњо.
  10. Порано: Памплона.

Надворешни врски[уреди]