Маракаибо (езеро)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Езеро Маракаибо | |
|---|---|
|
|
|
| Координати | 10°39′N 71°36′W / 10.65°N 71.6°WКоординати: 10°39′N 71°36′W / 10.65°N 71.6°W |
| Главен прилив | Кататумбо |
| Главен одлив | Венецуелански залив |
| Земји во сливот | Венецуела, Колумбија |
| Макс. должина | 76 |
| Макс. ширина | 67 |
| Површина | 13,210 km² |
| Макс. длабочина | 60.0 m |
| Водна зафатнина | 280.00 km³ |
| Брежна должина1 | 5678 |
| Надм. височина на површината | 0 m |
| Острови | 467 |
| Населени места | Маракаибо, Кабима |
| 1 Брежната должина не е добро утврдена мерка. | |
Езерото Маракаибо ({{Шпански:Lago de Maracaibo, Lago del Zulia}}) е езеро и морски залив (според некои континентално море) на северозападниот дел на Венецуела. На север е поврзано преку плиткиот канал Сан Карлос (длабочина 2 до 4 метри) со Венецуеланскиот залив. Водата езерото ја прима од многу реки од кои најголема е Кататумбо. Водата во езерото е полусолена.
Езерото е најголемо езеро во Јужна Америка, со површина од 13,210 квадратни километри. Тоа е едно од најстарите езера на светот (според некои проценки второ во светот)[1]. На бреговите на езерото живее четвртина од населението на Венецуела. Источниот брег на езерото Маракаибо е многу богато со нафта.
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Езеро Маракаибо“ |