Мануел Алмунија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мануел Алмунија
AlmuniaWHU.jpg
Алмунија во 2011 година
Лични податоци
Полно име Мануел Алмунија Риверо[1]
Роден на 19 мај 1977 (1977-05-19) (36 г.)
Роден во Памплона, Шпанија
Висина 1,92 м[2]
Положба Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Ватфорд
Број 1
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–1999 Осасуна Б 44 (1)
1999–2000 Осасуна 0 (0)
1999–2000 Картагина (позајмница) 3 (0)
2000–2001 Сабадел 25 (0)
2001–2004 Селта Виго 0 (0)
2001–2002 Ејбар (позајмница) 35 (0)
2002–2003 Рекреативо Хуелва (позајмница) 2 (0)
2003–2004 Албасет (позајмница) 24 (0)
2004–2012 Арсенал 109 (0)
2011 Вест Хем Јунајтед (позајмница) 4 (0)
2012– Ватфорд 67 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17
43, 01 March 2014 (UTC).
† Учества (Голови).

Мануел Алмунија Риверо (шпански: Manuel Almunia Rivero (роден на 19 мај 1977 во Памплона) е шпански фудбалски голман кој во моментов настапува за Ватфорд.

Клупска кариера[уреди]

Шпанија[уреди]

Алмунија ја започна неговата сениорска кариера во резервниот тим на Осасуна во 1997, играјќи две сезони во втората Шпанска Лига Б. Потоа помина уште две сезони во лигата со Картахена и Сабадел, пред да стане член на тимот од Примера, Селта де Виго во 2001.

Сепак, набрзо потоа беше даден на заем во тимот од Сегунда, Еибар, каде што ја помина сезоната 2001-02 како прв голман. За време на сезоната 2002-03, Селта го даде на заем во прволигашот Рекреативо де Хуелва, каде беше трет голман зад Луке и Цезар Куесада, и имаше само два настапи во лигата. Дебито во Примера му беше во поразот од 3:0 на гостувањето кај Алавес на 17 ноември 2002, откако Цезар Куесада заработи црвен картон.[3]

Потоа се врати во Селта, каде што помина речиси цела година без ниту еден првотимски настап, пред да отиде повторно на заем во Албасете на 1 ноември 2003. Дебито во Примера за Албасете му беше во поразот од 1:0 против Малага на 9 ноември 2003 по што се наметна како прв голман на тимот во декември 2003, со вкупно 24 настапи во лигата до крајот на сезоната.[4]

Арсенал[уреди]

Алмуниа потпиша договор со Арсенал за непозната сума на 14 јули 2004.[5] Дебито му беше на натпревар од Лига Купот против Манчестер Сити на 27 октомври 2004 кој Арсенал го доби со 2:1. Настапи на сите Лига Куп натпревари на Арсенал таа сезона, вклучувајќи го и четвртфиналето против Манчестер Јунајтед на 1 декември 2004, кога топката му испадна од раце по што Дејвид Белион постигна гол, единствениот на натпреварот. Сепак, потоа го направи и своето Премиерлигашко деби при победата од 3:0 против Бирмингем Сити на 4 декември 2004, како и Европското деби три дена подоцна во натпреварот против Розенборг кој Арсенал го доби со 5:1.

Додека беше втор голман на Арсенал, Алмунија најчесто играше во Куп натпреварите, каде што можеше да ја покаже способноста да брани пенали, како во победата против Шефилд Јунајтед во ФА Купот во сезоната 2004-05, каде што одбрани двапати во пенал рулетот откако натпреварот заврши 0:0, со што Топчиите поминаа во четвртфиналето. Уште еден успешен пенал рулет со Алмунија на гол беше на натпреварот против Донкастер Роверс во Лига Купот во сезоната 2005-06.

Алмунија немаше ниту еден Премиерлигашки настап во сезоната 2005-06, но играше во пет од шестте натпревари од фазата по групи од Лигата на Шампионите таа сезона. Финалето на Лигата на Шампионите во 2006 против Барселона, Алмунија го започна на клупата, но влезе како замена откако Јенс Леман заработи црвен картон. Само што влезе имаше многу важна одбрана кога го одби шутот на Самуел Ето во стативата. Но сепак, не успеа да им одолее на Барселона. При крајот на второто полувреме, Ето доби добра асистенција во шестнаесетникот по што го совлада Алмунија за да израмни на 1:1, а на десет минути до крај, Џулиано Белети го постигна вториот гол за победа на Барселона.

Шпанецот беше редовен стартер во ФА и Лига купот за Арсенал во сезоната 2006-07, дури и играше во финалето на Лига Купот. Во единствениот настап во лигата таа сезона, заменувајќи го болниот Јенс Леман, на домашен терен против Ливерпул, го зачува својот гол во победата од 3:0. Сè на сè, изгледаше далеку подобар од неговите претходни настапи.

По повредата на Јенс Леман, како и двете крупни грешки кои ги направи Германецот во првите два натпревари од лигата против Фулам и Блекбурн Роверс, Алмунија влезе во стартниот состав на Арсенал за третиот Премиерлигашки натпревар од сезоната 2007-08, против Манчестер Сити. Алмуниа и понатаму беше замена за Леман во септември и октомври 2007. Неговата форма во овие два месеца мѕ овозможи ненадјно да стане прв голман во изборот на Арсен Венгер на сметка на Германскиот интернационалец. На 23 октомври 2007, Леман го покажа својот гнев јавно кога изјави дека би почнал да збори наскоро доколку менаџерот не му дозволи да биде прв голман.[6]

Алмунија продолжи со придобивањето на навивачите со низа одлични настапи, при што најсветла точка беше одбраната на пеналот на Роби Кин во Северно лондонското дерби против Тотенхем на Емиратите на 22 декември 2007, со што Арсенал го зачува победоносното водство од 2:1. На 3 април 2008, Алмунија потпиша нов долгорочен договор со Арсенал.[7] По заминувањето на Јенс Леман летото 2008, му беше доделен дресот со број 1 и ја започна сезоната 2008-09 како прв голман на Арсенал, неговиот стар број, 24, му беше доделен на Вито Маноне. Алмунија првпат беше капитен на Арсенал во победата од 5:2 на гостувањето кај турскиот тим Фенербахче во Лигата на Шампионите.

Репрезентативна кариера[уреди]

Алмунија сèуште нема изиграно ниту еден репрезентативен натпревар. Повеќе од еднаш ја има изразено својата желба да игра за Англија, но само под услов да не добие прво повик од Шпанија.[8] Сепак, сèуште не исполнува услови за настап за Англија сè додека не добие Британско државјанство, кое ќе му биде достапно на 29 декември 2008.

Почести[уреди]

Арсенал

Белешки[уреди]

  1. „List of Players under Written Contract Registered Between 01/09/2011 and 30/09/2011“ (PDF). The Football Association. http://www.thefa.com/TheFA/RulesandRegulations/~/media/Files/PDF/TheFA/PlayerRegistrations/2011/September%202011.ashx/September%202011.pdf. конс. 5 октомври 2012. 
  2. „Player Profile“. Watford FC. http://www.watfordfc.com/team/player-profile/. конс. 12 мај 2013. 
  3. Almunia - Primera Division 2002/2003“, Weltfussball.de (конс. 17 август 2008). (на German and English)
  4. Almunia - Primera Division 2003/2004“, Weltfussball.de (конс. 17 август 2008). (на German and English)
  5. Almunia joins Arsenal“, BBC Sport, 2004-07-14 (конс. 29 мај 2007).
  6. Lehmann warns Gunners boss“, Sky Sports, 23 октомври 2007 (конс. 17 август 2008).
  7. Almunia agrees Arsenal deal“, Sky Sports, 3 април 2008 (конс. 17 август 2008).
  8. Almunia eyes international call“, Sky Sports, 16 јануари 2008 (конс. 17 август 2008).

Надворешни врски[уреди]