Манастир „Св. Јован Претеча“ - Дервент

Координати: 41°16′28″N 23°10′3″E / 41.27444° СГШ; 23.16750° ИГД / 41.27444; 23.16750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Претеча
Αγίας Βαρβάρας
Поглед на манастирската црква
Карта
41°16′28″N 23°10′3″E / 41.27444° СГШ; 23.16750° ИГД / 41.27444; 23.16750
МестоДервент, Валовишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Мреж. местоtimiosprodromos.gr
Архитектура
Завршена1981
Управа
ЕпархијаВаловишка

Свети Јован Претеча (грчки: Ιερό Ησυχαστήριο Τιμίου Προδρόμου Ακριτοχωρίου) — женски манастир кај селото Дервент, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Манастирот се наоѓа на околу 1 км северозападно од Дервент и 24 км од Валовишта. Нуди убава глетка на Бутковското Езеро и планината Беласица. Изграден е во 1981 г. и претставува еден од најважните женски манастири во државата, под духовно раководство на светогорскиот манастир Ксенофонт.

Во манастирот се чуваат мошти на Свети Јован Претеча, Апостол Јаков Праведниот (Братот Христов) и Света Ана. Во 2012 г. новата манастирска црква е осветена од патријархот Вартоломеј I. Храмот зафаќа површина од 500 м2 претставува точна копија на старата црква на манастирот Ксенофонт — светогорски крстокуполен храм од X век. Изграден е наполно од традиционални материјали — камен, мермер и тули. Сестринството се занимава со иконопис и минијатура, како и со земјоделство.[1]

Западната фасада на црквата е изградена за да изгледа истоветно на катедралата „Св. Софија“ во Охрид.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερό Ησυχαστήριο Τιμίου Προδρόμου Ακριτοχωρίου“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  2. „Ιερά Μονή Τιμίου Προδρόμου Σερρών“. Ιερά Μονή Τιμίου Προδρόμου Σερρών. Архивирано од изворникот на 2017-06-07. Посетено на 29 јуни 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]