Мала дропла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мала дропла
Мажјак
Женка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Жеравовидни
Фамилија: Дропли
Род: Tetrax
T. Forster, 1817
Вид: Мала дропла
Биномен назив
Tetrax tetrax
(Linnaeus, 1758)

Малата дропла (науч. Tetrax tetrax) е голема птица од фамилијата на дроплите, единствен член на родот Tetrax. Распространета е во јужна Европа и западна и централна Азија. Јужната европска популација е претежно резидентна, но останатите се птици преселници. Централноевропската популација што се размножувала во Унгарија е изумрена веќе неколку децении. Оваа птица живеела и во Македонија.

Живеалиште[уреди]

Живеалиштето на малата дропла се широките тревни пространства и степи недопрени од човекот. Но, бидејќи такви има сè помалку, се стеснува и кругот на оваа птица, па таа полека исчезнува. Најверојатно, од тие причини е изумрен вид во Македонија.

Опис[уреди]

Иако е најмала од сите дропли, оваа птица е сепак голема колку фазан со должина од 42 до 45 см, распон на крилја - 83-91 см, и тежина 500-900 грама.[2] Одозгора е песок боја со црни и бели шарки. При лет, долгите крилја се интензивно бели. За време на сезоната за парење, мажјакот е кафеав одозгора и бел одоздола, со сива глава и црн врат кој е обрабен и горе и долу со бела линија.

Кај женките и мажјаците вон сезоната на парење недостига драматичниот врат, а женките се одоздола малку потемни. Младенчињата се како женките.

Ова се тивки птици, иако мажјакот има впечатливо дувачко огласување прррт. Малата дропла има оригинален лет. При преселбата лета со голема брзина и личи како таа да се тресе и потреперува во место, но во исто време се движи брзо напред. Во лет, крилјата испуштаат чуден свиреж кој се слуша далеку. Се собираат во јата, особено зимно време. Тие одат полека и претпочитаат да трчаат повеќе отколку да летаат.

Размножување[уреди]

Сезоната на парење започнува во април. Кога се додворуваат мажјаците тапкаат на едно место, па се вивнуваат високо над земјата, свиркајќи со крилјата и мавтајќи до определена висина каде се замрзнуваат на 10-15 секунди, испуштаат едно црррр и потоа нагло паѓаат на земјата. Женките несат 3-5 јајца. Таа ги квачи јајцата седејќи мирни и тивко врз гнездото што се наоѓа на земја. Не се трга од гнездото и дозволува опасноста да се приближи, па често настрадува од тркалата на земјоделските машини.

Исхрана[уреди]

Малата дропла е сештојад. Јаде инсекти, глодари, влекачи и семиња.

Наводи[уреди]

  • Tomek, Teresa & Bocheński, Zygmunt (2005): Weichselian and Holocene bird remains from Komarowa Cave, Central Poland. Acta zoologica cracoviensia 48A(1–2): 43–65. PDF fulltext

Надворешни врски[уреди]