Мадагаскар (филм од 2005)
„Мадагаскар (Madagascar)“ | |
---|---|
Филмскиот плакат за филмот Мадагаскар | |
Режисер | Ерик Дарнел Том МекГрат |
Продуцент | Тереса Ченг Мариел Сориа |
Сценарист | Марк Бартон Били Фролик Ерик Дарнел Том МекГрат |
Главни улоги | Бен Стилер Крис Рок Џада Пинкет Смит Дејвид Швимер |
Музика | Ханс Зимер |
Монтажа | Џон Карнокен |
Дистрибутер | DreamWorks SKG |
Премиера | 27 мај 2005 |
Времетраење | 86 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $78.000.000 |
Бруто заработка | $532.680.674 |
Следен | Мадагаскар: Бегство во Африка |
Мадагаскар (англиски: Madagascar) е компјутерски анимиран филм продуциран од страна на ДримВоркс, и прикажан во кино салите на 27 мај 2005. Филмот ги следи животите на четири животни во зоолошката градина на Централниот Парк во Њујорк, кои неочекувано се пренесенени со брод во дивината на Африка. Но по патот, контролата на бродот е преземена од четири пингвини кои лошо управувајќи го бродот ги испуштаат животните на островот Мадагаскар. ДВД сетовите за Мадагаскар, заедно со едно кратко видео наречено "Пингвините од Мадагаскар во божиќната лудорија" беа реализирани на 15 ноември 2005. Реализирањето на Блу реј изданијата е најавено за на 16 септември 2008, а продолжението наречено "Мадагаскар: Бегство во Африка" е закажано да се појави во кино салите на 7 ноември 2008.
|