Мадагаскар (филм од 2005)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Мадагаскар
(Madagascar)“
Madagascar Theatrical Poster X2.jpg
Филмскиот плакат за филмот Мадагаскар
Режирано од Ерик Дарнел
Том МекГрат
Продуцент Тереса Ченг
Мариел Сориа
Сценарист Марк Бартон
Били Фролик
Ерик Дарнел
Том МекГрат
Настапуваат Бен Стилер
Крис Рок
Џада Пинкет Смит
Дејвид Швимер
Музика Ханс Зимер
Монтажа Џон Карнокен
Дистрибутер DreamWorks SKG
Премиера САД 27 мај, 2005
Времетраење 86 минути
Држава САД
Јазик Англиски
Буџет $78.000.000
Бруто заработка $532.680.674
Следен Мадагаскар: Бегство во Африка

Мадагаскар (англиски: Madagascar) е компјутерски анимиран филм продуциран од страна на ДримВоркс, и прикажан во кино салите на 27 мај, 2005. Филмот ги следи животите на четири животни во зоолошката градина на Централниот Парк во Њујорк, кои неочекувано се пренесенени со брод во дивината на Африка. Но по патот, контролата на бродот е превземена од четири пингвини кои лошо управувајќи го бродот ги испуштаат животните на островот Мадагаскар. ДВД сетовите за Мадагаскар, заедно со едно кратко видео наречено "Пингвините од Мадагаскар во божиќната лудорија" беа реализирани на 15 ноември, 2005. Реализирањето на Блу реј изданијата е најавено за на 16 септември, 2008, а продолжението наречено "Мадагаскар: Бегство во Африка" е закажано да се појави во кино салите на 7 ноември, 2008.