Лолита (филм од 1962)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Лолита“ | |
Оригинален постер |
|
| Режирано од | Стенли Кјубрик |
|---|---|
| Продуцент | Џејмс Б. Херис |
| Сценарист | Владимир Набоков Стенли Кјубрик |
| Настапуваат | Џејмс Мејсон Шели Винтерс Сју Лајон Питер Селерс |
| Музика | Нелсон Ридл Насловна тема: Боб Херис |
| Кинематографија | Освалд Морис |
| Монтажа | Ентони Харви |
| Дистрибутер | Metro-Goldwyn-Mayer |
| Премиера | 13 јуни 1962 |
| Времетраење | 152 минути |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
| Буџет | $2,100,000 |
Лолита е влијателен филм на Стенли Кубрик од 1962 година, базиран на истоимениот роман на Владимир Набоков. Во филмот играат Џејмс Мејсон како Хaмберт Хaмберт, Сју Лајон како Долорес Хејз (Лолита) и Шели Винтерс какo Шарлот Хејз.
Поради тогашните рестрикции на MPAA (Американската асоцијација за играни филмови), во филмот се ублажени поперверзните аспекти на новелата, понекогаш оставајќи многу на фантазијата на публиката. Сју Лајон, актерката која тогаш ја глуми Лолита, има 14 години во текот на снимањето. Кјубрик подоцна ќе рече дека да знаел колкави ќе бидат цензорските ограничувања - никогаш немал да се нафати да го снима филмот.
Кратка содржина [уреди]
Филмот започнува со борба помеѓу двајца мажи на чиј крај едниот од нив, Клер Квилти, е застерелан. Убиецот е Хамберт Хамберт, 40-годишен британец, професор по француска литература. Тој исто така е и опсесивен педофил. Филмот потоа се навраќа на настаните од пред 4 години и оди напред: Хамберт патува во Рејмсдејл, Њу Хемпшир, мал град каде ќе го помине летото пред да започне да предава на Бердсли колеџот во Охајо. Тој бара соба низ градот и една вдовена, сексуално изгладнета мајка - Шарлот Хејз, го примамува да остане во нејзината куќа. Тој одбива сѐ додека не ја види нејзината убава 14-годишна ќерка Долорес - Лолита, во која тој подоцна безнадежно се заљубува.
