Ракета (локомотива)
Ракета Rocket | |
---|---|
Своевремен цртеж на „Ракета“ | |
Погон | парен |
Изработил | Robert Stephenson and Company |
Изработена | 1829 |
Распоред | 0-2-2 |
Колосек | 1.435 мм |
Пречник на пог. тркала | 1,42 м |
Пречник на пом. тркала | 0,76 м |
Осовинска носивост | 2160 кг |
Тежина на локомотивата | 4320 кг |
Гориво | кокс |
Работен век | Ливерпулско-манчестерска железница Лорд Карлајлова железница |
Тековен сопственик | Научен музеј, Лондон |
Ракета (изворно англ. Rocket) е една од првите парни локомотиви, конструирана во 1829 година од страна на англискиот изумител Џорџ Стивенсон.
Општоприфатено било дека Стивенсоновата „Ракета“ е првата парна локомотива. Но вистината е дека првата парна локомотива поставена на шини е изградена од Ричард Тревитик 25 години порано, но не со финансиски успех како Стивенсоновата „Ракета“.
Локомотивата „Ракета“ на некој начин е еволуција, но не и револуција. Овој пронајдок сигурно може да се постави на пиедесталот на прва модерна парна локомотива, со повеќе иновации, кои од тогаш се употребуваат како стандард во парните локомотиви. За првпат се употребува повеќе-цевчен бојлер, кој ја подига делотворноста на трансферот помеѓу издувните гасови и водата. Биле инсталирани 25 цевки со пречник од 76,2 mm (3 инчи). Цилидрите од традиционалната вертикална положба ги поставува под агол од 35°.
Во 1829 година на натпреварот на пругата на релацијата Ливерпул – Манчестер, која е за првпат со сите потребни сигнализации, неговата „Ракета“ постигнува дотогаш најголема брзина од 30 милји на час или 48,28032 километри на час и можност да повлече товар од 13.000 килограми.
По постигнатиот успех во работилницата во Њукасл се изградени уште педесеттина парни локомотиви од овој вид, подобрувајќи ги нивните техничките одлики, како спуштање на цилиндарот на само 8°, доближувајќи се со тоа кон денешните стандарди.
Официјалното отворање на железничката линија се случува скоро една година подоцна, на 15 септември 1830, кога првата употреба на парната локомотива „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хаскисон.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија за сообраќај е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|