Инч

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
1 инч, палец, цол =
SI-единици
25.4×10^−3

 m

25,40 mm
Американски / Британски
83.3×10^−3

 ft

1,000 in

Инч, палец или цол, (знак in или ″ - двоен прим) е единица мерка за должина во разни системи, како англискиот, британскиот и американскиот. Големината му варира од систем до систем. Една јарда има 36 инча, а една стапка има 12. Соодветната единица мерка за плоштина е квадратен инч, а за волумен е кубен инч.

Инчот е честа единица мерка во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК, лични висини се изразуваат во стапки и инчи. Во Канада ова станува сè поретко.

Содржина

[уреди] Меѓународен инч

Во 1958 САД и земјите од Комонвелтот ја дефинирале должината на меѓународната јарда на 0.9144 метри. Така, меѓународниот инч е еднаков на 25.4 милиметри.

Стандардниот меѓународен симбол за инч е in (видете ISO 31-1, Анекс A). Во некои случаи инчот се пишува со двоен прим, кој изгледа како наводници, а стапката со прим, која изгледа како апостроф. На пример, 6 стапки 2 инча се обележува со 6′2″. Ова може да предизвика забува, бидејќи единечниот и двојниот прим се меѓународни симболи за аголна минута и аголна секунда.

[уреди] Еквиваленција на други мерни единици

1 меѓународен инч е еднаков на:

  • 1,000 тоу (1 тоу = 0.001 инч)
  • околу 0.08333 стапки (1 стапка = 12 инча)
  • околу 0.02778 јарди (1 јарда = 36 инча)
  • 2.54 сантиметри (1 сантиметар = ~0.3937 меѓун. инчи)

[уреди] Примена на инчот

Дури и во земјите каде се користи метрички систем, инчот може да важи за:

иако фактичката димензија на највеќето од овие производи се искажува во милиметри.

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици