Вајтова класификација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вајтова класификација на парни локомотиви

Вајтовиот систем на ознаки (Whyte) е класификација на парни локомотиви според тркалата, создаден од Фредерик Метван Вајт (Frederick Methvan Whyte) кој се применува на почетокот на 20 век. Вајтовиот систем се заснова на бројот на влечните тркала, кој станува заеднички модел за конвенционални парни локомотиви.

Според тоа локомотива со две водечки осовини (четири тркала) напред, потоа три погонски осовини (шест тркала) и следбеникот со една влечена помошна осовина (две тркала) се класифицира како 4-6-2.

Друг систем како УИЦ (UIC - Union Internationale des Chemins de fer) класификација (UIC classification) е француски систем за парни локомотиви кој ги брои осовините.

Додатокот на суфиксот „Т“ често се употребува да го означи резервоарот (танкот) на локомотивата; во други околности тендерот - прислужникот?? е погрешен. Британската пракса понекогаш го означува како тип на танкот на локомотивата.

Тоа значи дека суфиксот Т означува страничен танк (резервоари од двете страни), ST (СТ) седласт танк (резервоар над котелот), PT (ПТ) корпест танк (странично по должината на котелот), WT (ВТ) под самиот котел. И конечно пред суфиксот Т додадено + () означува дека танкот (резервоарот) на локомотивата е додаток за јаглен или вода.

Пример[уреди]

Како пример нашата позната локомотива, кај народот наречена „Пампур“ - „Чајниче“ или локомотивата од пионерското вовче од Скопје има ознака – тип 0-8-0Т (Бригадната локомотива Ханшел (Henschel) Dn2t), што би значело дека нема водечки тркала, има четири погонски осовини (осум погонски тркала) и задни тркала нема, со странични танкови (резервоари) за вода.

Споредбена табела за класификација на парни локомотиви[уреди]

Германска Англоамериканска Aмериканска Шематски
1A 2-2-0 Planet oO
1A1 2-2-2 Patentee oOo
2'A 4-2-0 Crampton, Norris ooO
B 0-4-0 Four-Wheel-Switcher OO
1'B 2-4-0 oOO
1'B1' 2-4-2 Columbia oOOo
2'B 4-4-0 American, Eight-Wheeler ooOO
2'B1' 4-4-2 Atlantic ooOOo
2'B2' 4-4-4 Jubilee ooOOoo
C 0-6-0 Six-Wheel-Switcher OOO
1'C 2-6-0 Mogul oOOO
2'C 4-6-0 Ten-Wheeler ooOOO
1'C1' 2-6-2 Prairie oOOOo
2'C1' 4-6-2 Pacific ooOOOo
1'C2' 2-6-4 Adriatic oOOOoo
2'C2' 4-6-4 Hudson, Baltic ooOOOoo
D 0-8-0 Eight-Wheel-Switcher OOOO
1'D 2-8-0 Consolidation oOOOO
1'D1' 2-8-2 Mikado oOOOOo
1'D2' 2-8-4 Berkshire oOOOOoo
2'D 4-8-0 Twelve-Wheeler, Mastodon ooOOOO
2'D1' 4-8-2 Mountain, Mohawk (NYC) ooOOOOo
2'D2' 4-8-4 Northern, Niagara (NYC) ooOOOOoo
E 0-10-0 Ten-Wheel Switcher OOOOO
E1' 0-10-2 Union OOOOOo
1'E 2-10-0 Decapod oOOOOO
2'E 4-10-0 Mastodon ooOOOOO
1'E1' 2-10-2 Santa Fe oOOOOOo
1'E2' 2-10-4 Texas oOOOOOoo
2'E1' 4-10-2 Texas, Southern Pacific, Overland ooOOOOOo
1'F 2-12-0 Centipede ooOOOOOO
2'F1' 4-12-2 Union Pacific ooOOOOOOo
C'C 0-6-6-0 Erie (Mallet-Type) OOO OOO
(1'C)C 2-6-6-0 namenlos (Mallet-Type) oOOO OOO
(1'C)C1' 2-6-6-2 Mallet Mogul (SP), Prairie Mallet (ATSF) oOOO OOOo
(1'C)C2' 2-6-6-4 namenlos (Mallet-Type) oOOO OOOoo
(2'C)C2' 4-6-6-4 Challenger (Mallet-Type) ooOOO OOOoo
(1'C)C3' 2-6-6-6 Allegheny (Mallet-Type) oOOO OOOooo
D'D 0-8-8-0 namenlos (Mallet-Type) OOOO OOOO
(1'D)D1' 2-8-8-2 Chesapeake (Mallet-Type) oOOOO OOOOo
(1'D)D2' 2-8-8-4 Yellowstone (Mallet-Type) oOOOO OOOOoo
(2'D)D2' 4-8-8-4 Big Boy (Mallet-Type) ooOOOO OOOOoo
(1'E)E1' 2-10-10-2 Virginian (Mallet-Type) oOOOOO OOOOOo
E'E 0-10-10-0 Heavyduty (Mallet-Type) OOOOO OOOOO
(2'D1')(1'D2') 4-8-2 + 2-8-4 Double Mountain (Garratt-Type) ooOOOOo oOOOOoo


Видете исто така[уреди]